ДЕНЕСКА СЕ ПОТВРДЕНИ 20 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19-ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 1694-ПОЧИНАТИ СЕ 3 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-12, Прилеп-7, Тетово-3, Кавадарци-1, Пехчево-1.

Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.

Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1694, бројката на оздравени пациенти е 1229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370. Последната дистрибуција по градови е:
•        Скопје – 579, активни 129
•        Куманово – 410, активни 46
•        Дебар – 51, активни 0
•        Штип-35, активни 2
•        Прилеп –184, активни 56
•        Тетово – 121, активни 58
•        Струга – 67, активни 4
•        Велес – 109, активни 50
•        Битола –23, активни 4
•        Охрид –15, активни 0
•        Кавадарци – 5, активни 0  
•        Гостивар –19, активни 4
•        Гевгелија – 4, активни 0
•        Струмица – 2, активни 0
•        Крива Паланка- 6, активни 2
•        Радовиш – 4, активни 0
•        Крушево – 3, активни 0
•        Кочани – 31, активни 5
•        Пробиштип – 2, активни 0
•        Кичево – 2, активни 0
•        Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)        
•        Демир Хисар – 1, активни 0
•        Македонски Брод – 2, активни 0
•        Пехчево- 3, активни 1
•        Делчево-1, активни 0
•        Валандово -1, активни 1
•        Виница – 2, активни 0
•        Кратово-2, активни 2
•        Берово-1, активни 1

Направените 309 теста се преку: ИЈЗ –161, Ветеринарен ф-тет -16, Авицена –13, Биотек -24, Филип Втори (Жан Митрев) –40, Систина со PCR метода  -36 и МАНУ -19.  Досега во земјата се направени вкупно 19739 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно хоспитализирани 38. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Сподели на:

Related Posts