Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-59, Куманово-12, Дебар-18, Штип- 17, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-6, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Свети Николе-23, Кичево-6, Ресен-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од: Скопје-42, Штип-7, Тетово-1, Струга-4, Велес-1, Охрид-6, Кавадарци-3, Свети Николе-2, Ресен-7, Неготино-1.
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен.
Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во ОБ Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во КБ Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8786, бројката на оздравени пациенти е 4676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3704. Денес се евидентира еден контролен тест и една исправка кај оздарвени лица од вчерашните. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4141, активни 1837
• Куманово 894, активни 226
• Дебар 172, активни 110
• Штип 510, активни 213
• Прилеп 306, активни 57
• Тетово 906, активни 295
• Струга 348, активни 169
• Велес 205, активни 30
• Битола 85, активни 41
• Охрид 229, активни 114
• Кавадарци 28, активни 17
• Гостивар 272, активни 177
• Гевгелија 13, активни 3 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 24, активни 16
• Крива Паланка 19, активни 8
• Радовиш 15, активни 11
• Крушево 12, активни 7
• Кочани 80, активни 12
• Пробиштип 41, активни 26
• Демир Хисар 12, активни 11
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 9, активни 5
• Свети Николе 179, активни 164
• Кичево 94, активни 79
• Ресен 140, активни 66
• Неготино 22, активни 2 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1612 теста се преку: ИЈЗ-452, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-238, Биотек-143, МАНУ -155, Жан Митрев (Филип Втори) –243, Систина со PCR метода -169, Судска медицина -35, ЦЈЗ Битола-55, КИБФС (Инфективна клиника) -106. Досега во земјата се направени вкупно 83216 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 284
• Аеродром – 171
• Бутел – 139
• Гази Баба – 202
• Центар – 151
• Карпош – 146
• Сарај – 116
• Кисела Вода – 123
• Ѓорче Петров – 113
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 97
• Арачиново – 32
• Илинден – 21
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 13
• Зелениково- 12
• Странец – 7
• Нераспределен- 69
/**
*/