ВО ПРЕТХОДНИТЕ 24 ЧАСА РЕГИСТРИРАН 561 СЛУЧАЈ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 26.954, ОЗДРАВЕНИ 197 ПАЦИЕНТИ, ПОЧИНАТИ СЕ 22 ЛИЦА

Во последните 24 часа се направени 1.901 тестирања, а регистриран е 561 нов случај на Ковид-19 во: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4. Институтот за јавно здравје регистрираше […]

Д-Р СТЕВАНОВИЌ: НИЕ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ МОРАМЕ ДА ИЗДРЖИМЕ – ГРАЃАНИТЕ МОРА ДА НИ ПОМОГНАТ СО ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ

Во вчерашната изјава за медиумите, директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ информираше дека е почната хоспитализација на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на клиниката. Во однос на кадарот кој работи во модуларната болница,  д-р Стевановиќ изјави:  -Постои систем на мобилизирање медицински персонал, како среден медицински персонал, така и […]

ВО ИЗМИНАТИ 24 ЧАСА 641 НОВ СЛУЧАЈ НА КОВИД 19 – ВКУПНO ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 24.836, ОЗДРАВЕНИ 233 – ПОЧИНАТИ 12 ЛИЦА

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на Ковид-19 во: Скопје-325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, Тетово-25, Струга-5, Велес-10, Битола-14, Охрид-10, Кавадарци-25, Гостивар-11, Гевгелија-20, Струмица-24, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-3, Кичево-18, Ресен-8, Неготино-7.  Институтот за јавно здравје регистрира 233 […]

ФИЛИПЧЕ: ОД ДЕНЕСКА СЕ СМЕСТЕНИ ПАЦИЕНТИ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ДО ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вечерва во вестите на Канал 5 телевизија информираше за состојбата со болничките капацитети и изјави дека од денеска се сместени пациенти во модуларната болница до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. „Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се преполнија некои болници. Нема слободни болнички кревети во […]

ДЕНЕСКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 408 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 24196, ОЗДРАВЕНИ СЕ 281 ПАЦИЕНТ – ПОЧИНАТИ СЕ 4 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-227, Куманово-12, Штип-15, Прилеп-4, Тетово-34, Струга-5, Велес-15, Битола-10, Охрид-23, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-4, Демир Хисар-4, Пехчево-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира […]

НА УТРЕШНАТА ВЛАДИНА СЕДНИЦА ЌЕ ПРЕДЛОЖИМЕ УШТЕ ЕДЕН ПАКЕТ МЕРКИ КОЈ МОЖЕ ДА ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска изјави дека по утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести го информираа штабот во Владата во однос на капацитетите на болниците и ја презентираа двонеделната анализа со епидемиолошката состојба во земјава.Во епидемиолошкиот дел се бележи значителен раст на новодијагностицирани случаи, процентуално најмногу во возрасните групи од третата, […]

СО ДАРУВАЊЕТО КРВНА ПЛАЗМА СЕ ПОКАЖУВА ВИСТИНСКА ХУМАНОСТ

-Првпат дарувам крв и планирам да продолжам со дарување. Во август заболев од Ковид-19, за среќа имав полесна клиничка слика, со симтоми како омалаксаност, без осет за мирис и вкус и по моето успешно заздравување одлучив да помогнам таму каде што е навистина неопходно. Апелирам тоа да го сторат и останатите оздравени пациенти кои имаат […]

ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ПОВЕЌЕ ОД 1.820 ПРЕГЛЕДИ И КОНТРОЛИ ВО МОБИЛНАТА АМБУЛАНТА НА КЛИНИКАТА ЗА ПУЛМОЛОГИЈА

Во новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија за еден месец се извршени повеќе од 1.820 прегледи и контроли. Во просек, дневно, доаѓаат меѓу 70-80 пациенти за преглед или за контрола, закажани преку системот МојТермин, како и за време на дежурство во вечерните часови. Во изминатиот период зголемен е бројот на пациенти за преглед, […]

ФИЛИПЧЕ: УТРЕ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ ДИСКУТИРА ДАЛИ СЕ ПОТРЕБНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕСТРИКЦИИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител истакна дека сите земји во Европа, па и ние го очекувавме овој бран, и ние соодветно на тоа ги подготвивме капацитетите. Во контекст на високите бројки на новозаразени Филипче истакна дека доколку се почитуваа мерките за заштита немаше да дојде […]

СТУДЕНТИТЕ ОД ШЕСТА ГОДИНА ПО ОПШТА МЕДИЦИНА СО ПОДДРШКА НА КОЛЕГИТЕ ЕПИДЕМИОЛОЗИ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и деканката на Медицинскиот Факултет во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска, денеска, одржаа средба со студентите од шеста година по општа медицина. На средбата се разговараше за вклучување на студентите, идните лекари во процесот на справување од коронавирусот. -Во услови кога се соочуваме со најголемата светска здравствена криза, […]