Со јапонскиот амбасадор, неговата екселенција Хиронори Савада на денешната средба ја потврдивме досегашната одлична соработка и договоривме нејзино продлабочување. За нашата држава поддршката на јапонскиот народ е од огромна важност, посебно во овие моменти кога се соочуваме со пандемијата на ковид 19 вирусот, а за оваа намена во тек е реализација на грант како помош за справување во пандемијата со ковид во износ од над 800 000 евра за набавка на медицинска опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, а предвидена е и реконструкција на одделот за радиотерапија на Клиниката за онкологија. Преку Јапонската агенција за меѓународна соработка(JICA) се обезбедува и нов мобилен ангиограф за потребите на службата за интервентна кардиологија и радиологија ќе добие Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, во вредност од 100. 886 евра.Во рамки на програмата за мали проекти (GSP) исто така се реализираат и неколку договори за проекти со болници низ државата и секоја година се овозможува помош за јавни здравствени институции. Покрај континуираната помош за зајакнување во опрема, се овозможуваат и едукативни обуки на теми од интерес за нашето здравство.
Related Posts
ПРОЕКТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И СТАТУСОТ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
декември 18, 2024
СРЕДБА ТАРАВАРИ СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР КАЗУЈА
декември 11, 2024