Во духот на традиционалната поддршка на Италија за здравствениот сектор во нашата држава беше денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали со неговата екселенција, амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри.На средбата, министерот Сали изрази благодарност за донацијата од 250.380 вакцини на компанијата „Фајзер“, со цел зголемување на опфатот со имунизација во нашата држава. Исто така, во тек е последната фаза од Програмата за рационализација и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор во РСМ, што се реализира со заем што Италија ѝ го додели на Северна Македонија за набавка на современа опрема во вкупна вредност од над два и пол милиона евра.Унапредување на соработката во повеќе сегменти во здравствениот систем и размена на искуства со доктори од Италија исто така беа дел од темите на оваа средба.
Related Posts
ПРОЕКТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И СТАТУСОТ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
декември 18, 2024
СРЕДБА ТАРАВАРИ СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР КАЗУЈА
декември 11, 2024