НА ИНФЕКТИВНИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА ВО ЗЕМЈАВА СЕ ЛЕКУВААТ 846 ПАЦИЕНТИ, СЛОБОДНИ КРЕВЕТИ ИМА

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 117 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 34 болни. Во болницата во Струмица 6лежи 66 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 21, Кавадарци 36, а во Гевгелија 13 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.


Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1335 и има колку 140 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Сподели на:

Related Posts