ОДБЕЛЕЖАНА “НЕДЕЛАТА НА ЖЕНСКОТО ЗДРАВЈЕ”

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари-МАГО ја одбележа „Неделата на женското здравје” како дел од кампањата за обезбедување подобра институционална заштита на жените и професионално здравствено информирање за сите превентивни прегледи. На настанот беше претствавен и проектот „Мобилни гинеколошки амбуланти“, а се разговараше и за развивање нова стратегија за ХПВ вакцината во РСМ, каде што и момчињата рутински би се вакцинирале против ХПВ.

На панел дискусијата говореа Проф. Д-р Глигор Тофоски, Проф. Д-р Горан Димитров, Доц. Д-р Даниела Иванова Панова и Проф. Д-р Ана Данева Маркова кои ги претставија досегашните и идните активности и кампањи на МАГО, кои заедно со повеќе релевантни институции и организации започнуваат процес на континуирана едукација за женското здравје и поттикнување на општествени промени во оваа област. На настанот присуствуваа г-ѓа Елизабета Ѓеоргиевска-сопруга на претседателот на Република Северна Македонија, Доц. Д-р Владимир Рендевски-заменик министер за здравство, г-ѓа Магдалена Филиповска Грашкоска -генерален директор на Фондот за здравствено осигурување, претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерство за Образование и наука, претставници од факултетите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, претставници на Македонското Лекарско Друштво, невладиниот сектор и фармацевтските компании.

Сподели на:

Related Posts