На денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали и заменик министерот, Владимир Рендевски со претседателите на Лекарската и Стоматолошката комора, претставници на Здруженијата на примарните матични лекари, примарните стоматолози и гинеколози од примарната здравствена заштита, како и стручните лица од ФЗОМ се дефинираше начинот на којшто понатаму ќе се одвива техничкиот дијалог. На средбата, која штотуку заврши, стана збор за дел од предизвиците за кои подетално ќе се разговара во рамки на работните групи. Воедно, беше поздравена заедничката иницијатива од здруженијата и изразена поддршка за натамошен заеднички дијалог, постигнување заемно прифатливи решенија со кои ќе се унапреди финансиската состојба на приватните здравствени установи, како и поедноставување на нивното работење, со цел растоварување на секундарното и терциерното здравство и добивање поквалитетна здравствена заштита за пациентите.
Related Posts
ПРОЕКТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И СТАТУСОТ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
декември 18, 2024
СРЕДБА ТАРАВАРИ СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР КАЗУЈА
декември 11, 2024