featured

ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈА „ЈОДЕН И ТИРОИДЕН СТАТУС НА НАСЕЛЕНИЕТО 2018 ГОДИНА“

На Медицинскиот факултет во Скопје денеска се одржа свечената промоција на монографијата „Јоден и тироиден статус на населението 2018 година”.  Министерот за здравство, д-р Венко Филипче упати честитки до проф. д-р Борислав Каранфилски – уредник на монографијата, како и до целиот тим од Медицински факултет – Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина, како и колегите […]

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ТУБЕРКУЛОЗАТА-КОНТИНУИРАН ПАД НА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ВО НАШАТА ДРЖАВА

По повод одбележувањето на 24 март-Светски ден за борба против туберкулозата, министерот за здравство, д-р Венко Филипче се обрати на денешниот настан, во организација на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и националниот координативен механизам за туберкулоза, со поддршка од Министерството за здравство. -Светскиот ден за борба против туберкулозата го одбележуваме за подигнување на свеста, […]

МЕЃУНАРОДЕН ЗДРАВСТВЕН ПРАВИЛНИК – ЕФИКАСЕН ИНСТРУМЕНТ ЗА НАВРЕМЕН ЈАВНОЗДРАВСТВЕН ОДГОВОР ПРИ ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ И МЕЃУНАРОДНО ШИРЕЊЕ БОЛЕСТИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се обрати на работилницата на Светската здравствена организација, посветена на процесот на заедничка надворешна евалуација на Меѓународниот здравствен правилник, усвоен од Генералното собрание на СЗО. Со Меѓународниот здравствен правилник земјите членки се обврзуваат да преземат мерки и активности во однос на превенција, контрола и навремен јавноздравствен одговор при […]

КАРИЛ ДОБИ ДВА МОНИТОРА ЗА СЛЕДЕЊЕ ВИТАЛНИ ПАРАМЕТРИ, ДОНАЦИЈА ОД SPORT LIFE

Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, доби донација од Sport Life, која се состои од два монитора за следење витални параметри со два модула за мерење инванзивен притисок, кои се веќе пуштени во употреба. -Голема благодарност до компанијата за оваа донација, која е многу важна за работата на медицинскиот кадар, и донација со која […]

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ЗА ОРТОПЕДИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА „СВ. ЕРАЗМО“ ОХРИД

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска ја посети ЈЗУ Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, каде на 21.01.2019 година се почнати градежни активности за реконструкција и дозавршување на делот на оперативниот блок и интензивната нега. Градежните активности течат според планираната динамика и без застој, во моментот 80% од реконструкцијата е […]

ОПШТАТА БОЛНИЦА ОХРИД ДОБИ ДОНАЦИЈА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНО АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО

Општата болница Охрид денеска доби донација – специјализирано амбулантно возило. Станува збор за донација обезбедена со проект и организациска поддршка од Руски транс ДОО Охрид и Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС-Балканмедиа. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче се заблагодари и истакна дека со оваа донација Општата болница […]

ТРКАЛЕЗНА МАСА ПОСВЕТЕНА НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОДДРШКА НА СЛЕПИТЕ ЛИЦА

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска зеде учество на тркалезната маса, посветена на иницијативи за поддршка на слепите лица, во соработка со УСАИД. Во своето воведно обраќање тој истакна дека визуелниот систем е еден од најважните за правилен раст и развој на едно дете. Доколку се утврдат одредени недоследности, најдобри резултати има кога навремено се […]

НОВИНИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ СИСТЕМ МОЈТЕРМИН – СЕ ВОВЕДУВААТ ДВА НОВИ УПАТИ „ИТЕН 24“ И „УПАТ БЕЗ ТЕРМИН“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин, со цел подобрување на здравствената евиденција и поедноставување на работата на здравствените работници, но пред се заради оптимизација на процесот на упатување на пациентите и побрзо добивање на услугата која им е потребна на пациентите. Најзначајната новина која се воведува се […]

СО РЕНОВИРАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО ВЕЛЕС, ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОКВАЛИТЕТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Здравствениот дом Велес, каде заедно со директорот Николчо Димовски ги посети реновираните простории во Здравствениот дом и комплетно обновената итна медицинска помош. Исто така изграден е и лифт кој значително ќе им го олесни пристапот на лицата со инвалидитет во оваа здравствена установа.  […]

ФИЛИПЧЕ: МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ СЕ НАШИОТ ФОКУС И ПРАВИМЕ СЀ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА НИВНИОТ СТАТУС, КВАЛИТЕТОТ НА ЕДУКАЦИЈАТА И УСЛОВИТЕ ВО КОИШТО РАБОТАТ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово се сретна со претставници од Здружението на лекари специјализанти, Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и со Клубот на млади лекари. -Младите лекари се нашиот фокус и правиме сѐ за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат. Во текот на септември 2019 […]