featured

МАЈЧИНАТА И ПЕРИНАТАЛНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ГЛАВНА ТЕМА НА ВТОРИОТ НАЦИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ЗДРАВЈЕ

Вториот национален форум за здравје, што ќе се одржи на 27 февруари 2020 година е платформа на која ќе се разговара за актуелната состојба и иднината на мајчината и перинатална здравствена заштита во Северна Македонија. Форумот ќе ги сподели и одбележи постигнувањата од првата година на реализација на обновената визија за примарна здравствена заштита (ПЗЗ), […]

НА ГОДИШНИНАТА ОД НЕСРЕЌАТА КАЈ ЛАСКАРЦИ, МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА СРЕДБА СО ПРЕЖИВЕАНА ПАТНИЧКА И ЧОВЕКОТ КОЈ Ѝ ПОМОГНАЛ

На годишнината од трагичната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска, присуствуваше на средба меѓу преживеана патничка и човекот кој ѝ помогнал да се извлече од превртениот автобус. -На барање на Седат, минатата година успеавме заеднички да ја најдеме Јасмина. Тоа беше еден навистина емотивен момент, кој потврдува дека […]

КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН ВАКЦИНАЛНИОТ ПУНКТ И НАБАВЕН НОВ ДИГИТАЛЕН РЕНДГЕН АПАРАТ ЗА ПОЛИКЛИНИКАТА „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

Во поликлиниката „Ѓорче Петров“ комплетно е реновиран вакциналниот пункт и се набави нов дигитален рендген апарат. При посетата, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека ги следиме стандардите и упатствата на Светската здравствена организација (СЗО) и почнато е со комплетно реновирање на вакциналните пунктови во поликлиниките во Скопје.  – Во овие реновирани пунктови, […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: НОВИОТ ЦЕНТАР ЗА РАНИ ИНТЕРВЕНЦИИ И ТРЕТМАН КАЈ ДЕЦА СО НАРУШУВАЊА ОД АУТИСТИЧНИОТ СПЕКТАР ВО ОХРИД Е ЕДИНСТВЕНИОТ ЦЕНТАР ВО ОВОЈ РЕГИОН  

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, денеска ја посетија Општата болница во Охрид, каде што кон крајот на 2019 година во оваа јавно-здравствена установа се отвори нов Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар, со поддршка од бугарската амбасада и Здружението […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: НИТУ ЕДЕН ПАЦИЕНТ СО МАЛИГНА БОЛЕСТ НЕ САМО ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЛЕКУВАЊЕ, ТУКУ И ЗА КОНТРОЛНИ ПРЕГЛЕДИ СЕГА НЕ ПЛАЌА ПАРТИЦИПАЦИЈА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово присуствуваше на настанот по повод одбележувањето на 4 февруари – Светскиот ден за борба против ракот, во организација на Здружението „Борка – за секој нов ден“. -Навистина ми е драго што на Светскиот ден за борба против ракот ние имаме што да кажеме. Сметам дека овие изминати […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ЦЕЛОСНО Е РЕНОВИРАН ОДДЕЛОТ ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА НА КЛИНИКАТА ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

Изминатиот период на Универзитетската клиника за ендокринологија се преземени низа активности за осовременување на постојните капацитети, кои овозможуваат нови стандарди во лекувањето на ендокринолошките болести. Комплетно се реновирани и опремени интензивната нега, дел од болничкото одделение, собата за изолација, набавени се нови болнички кревети, апарати за мониторинг на виталните функции и континуирано следење на гликемијата […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ПОСТАПУВАМЕ СОГЛАСНО НАСОКИТЕ ОД СЗО, ЦЕЛОСНО СМЕ ПОДГОТВЕНИ ДА СЕ СПРАВИМЕ СО КОРОНА ВИРУСОТ, ИАКО СМЕ ДАЛЕКУ ОД ТОЈ РИЗИК

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска, одржа работен состанок со Комисијата за заразни болести по прогласувањето јавноздравствена состојба од меѓународен ризик за коронавирусот од Светската здравствена организација. На средбата присуствуваше и Џихан Тавила, шеф на Канцеларијата на СЗО во Скопје и од нејзина страна беше посочено дека нашата држава веќе постапува според насоките на […]

КОРИСТЕЊЕТО НА ТЕРМАЛНАТА КАМЕРА УСПЕШНО СЕ СПРОВЕДУВА, НЕМА ПРИЧИНА ЗА НЕКАКОВ РИЗИК ИЛИ ПАНИКА ОД КОРОНА ВИРУС ВО ДРЖАВАТА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска, го посети медицинскиот тим на меѓународниот аеродром-Скопје, кој Министерството за здравство веднаш по издавање на препораките од Светската здравствена организација го распредели на аеродромот.  Со користење на термалната камера успешно се спроведува постапката за идентификација на евентуални заболени од корона вирусот. Меѓу патниците кои пристигнаа од Дубаи […]

СЛЕДУВА РЕНОВИРАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО ПРОБИШТИП, ЈУЖНОТО КРИЛО НА УСТАНОВАТА ЌЕ СЕ АДАПТИРА ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, денеска, беа во посета на Здравствениот дом во Пробиштип.  При денешната посета, министерот Филипче најави проект преку донација од Американската амбасада за подобрување на условите за работа во оваа јавноздравствена установа. – Благодарение на амерканската амбасада во Здравствениот дом целосно ќе […]

ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ, СИСТЕМОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРОНА ВИРУСОТ ЦЕЛОСНО ФУНКЦИОНИРА

Министерството за здравство информира дека редовно се следи состојбата со корона вирусот на територијата на Република Северна Македонија и дека се преземени сите мерки на заштита и превенција. Во државата, досега, не се забележани сомнителни случаи на корона вирусот, па дури и во препораките за патување, издадени од повеќе земји, Република Северна Македонија е ставена […]