УПАТУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ

Новиот модел за упатување има за цел да овозможи оптимално и ефикасно користење на здравствените капацитети на сите нивоа од системот при упатувањето на осигурените лица на користењето на специјалистичко – консултативна и болничка здравствена заштита. Со новиот модел на упатување осигуреното лице ќе може да користи здравствени услуги во специјалистичко – консултативна здравствена заштита со упат од избраниот лекар, а во болничката здравствена заштита, субспецијачистичка и болничка здравствена заштита во Универзитетските клиники во Скопје со упат од лекарот специјалист/субспецијалист. Новиот модел на упатување ќе овозможи да се намалат несаканите ефекти од досегашниот модел на упатување како што се: преоптеретување на Универзитетските Клиники, зголемени трошоци за осигурениците, трошоци за здравствениот систем, неискористеност на капацитетите…