ЈАВНА РАСПРАВА СО ПЛОДНА ДИСКУСИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЖЕНСКОТО ЗДРАВЈЕ

Министерот за здравство, Беким Сали, во Собранието на РСМ присуствуваше на јавна расправа со плодна дискусија со експерти во областа ин витро фертилизација, невладиниот сектор и меѓународни организации по повод денот на одбележување на женското здравје.

-Министерот Сали во своето обраќање посебен акцент стави на активностите за унапредување на женското и репродуктивно здравје, тема која е високо поставена како еден од приоритетите на Министерството за здравство. На расправата, покрај експерти од областа свое учество имаа и претставници на Клубот на пратенички, Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување-до бебе по патот на ИВФ, како и членовите на државната комисија за БПО при МЗ.

Сподели на:

Related Posts