ВТОРИОТ РЕГИОНАЛЕН СОСТАНОК НА ПАЦИЕНТСКИО РГАНИЗАЦИИ, ШТО ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „БОРКА – ЗА СЕКОЈ НОВДЕН“ СЕ ОДРЖА ВИКЕНДОТ ВО СКОПЈЕ

Потребно е да се воведе иновативна терапија и да има одржлив развој на здравствениот систем со цел да се овозможи навремена дијагноза и иновативен третман за болните од рак кои се подобни за терапија.

Ова е заклучокот од Вториот регионален состанок на пациентски организации, што во организација на Здружението „Борка – за секој нов ден“ се одржа викендот во Скопје, а на кој учествуваа претставници од пациентски организации од државава, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Косово, Албанијаи Бугарија.

Целта на состанокот насловен „Заеднички активности во обезбедување еднаков пристап до превенцијата, лекувањето и третманот на рак“ беше да се разменат мислења и да се споделат добри практики иновитети од регионот и да се поттикне соработка и вмрежување со цел подобрување на дијагнозата, третманот и превенцијата од рак, информираат од Здружението „Борка“.

Во рамките на тридневниот состанок, како што посочуваат, се одржаа повеќе предавања од домашни и странски експерти на повеќе теми поврзани со третманите, превенцијата и лекувањето на ракот.

За време на состанокот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу учесниците со цели и конкретни планови на кои ќе работи оваа регионална коалиција.

На состанокот присуствуваше и заменик – министерот за здравство Владимир Рендевски кој на прес – конференцијата што се одржа на оваа тема заедно со уште неколку здруженија и лекари, истакна дека промени и стратегија мора да има, а се со цел навремено откривање на ракот, како и воведување современа терапија.

– И како лекар и како министер свесен сум за предизвиците и ќе направам се што е во надлежност на Министерството да се промени моменталната состојба на доцнење на тендерите, немање на терапија, како и законот за здравствена заштита со посебен акцент на промена на позитивната листа. Пациентските здруженија се важен партнер во креирањето решенија во здравствената политика и затоа во периодот што следи ќе организираме состанок на кој ќе се обидеме заеднички да изнајдеме решенија, потенцираше д-р Рендевски.

Од Здружението „Борка“ потенцираат дека еден од најголемите предизвици со кој се соочуваат пациентите во последно време е недостигот на иновативна биолошка терапија за пациентите со рак на јајници, цервикс, колоректален карцином, метастатски меланом, рак на бубрези и рак на дојка.

– Затоа пациентските организации бараат да отпочне процесот за обновување на позитивната листа на лекови со цел нашите пациенти да имаат континуиран и одржлив пристап до иновативна терапија, информираат од Здружението „Борка“.

Сподели на:

Related Posts