ЗА ДВA И ПОЛ ЧАСА ВО СКОПЈЕ НАПРАВЕНИ 150 ТЕСТИРАЊА НА ЦРН ДРОБ – ДЕСЕТ ЛИЦА СО ЗНАЦИ НА ЦИРОЗА УПАТЕНИ НА КЛИНИКА ЗА ГАСТРО

За дваипол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб, десет лица со знаци на цироза упатени на Клиниката за гастро 

Министерството за здравство, во соработка со Клиниката за гастроентерохепатологија и НВО „Хепар Центар-Битола” од денес почна заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за Хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања. 

Од мобилната медицинска екипа информираат дека во Скопје за два ипол часа се направени 150 прегледи со фиброскен. Кај десет граѓани биле забележани знаци на цироза и тие веднаш се упатени да извршат дополнителни прегледи на Клиниката за гастроентерохепатологија. 

Мобилната екипа, денеска попладне ќе биде лоцирана на градскиот плоштад во Куманово, каде од 17.30 до 19.30 часот граѓаните ќе имаат можност да направат скрининг за Хепатит Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични заболувања на црниот дроб. Во вторник мобилната екипа ќе биде во Гостивар – од 9 до 11 часот, а попладне бесплатен скрининг ќе може да направат граѓаните од Тетово, во периодот од 17.30 до 19.30 часот. 

Во среда, мобилната екипа ќе биде лоцирана во Штип и Струмица – на градскиот плоштад во Штип бесплатно тестирање ќе се врши од 9 до 11 часот, а попладне граѓаните од Струмица ќе имаат можност за превентивен преглед од 17.30 до 19.30 часот. 

Во следниот период тестирањата ќе продолжат во Струга, Охрид, Битола и Кавадарци.

Сподели на:

Related Posts