ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА ЌЕ ДОБИЈАТ НОВ ЗДРАВСТВЕН ДОМ – ВО ТЕК ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности за изградба на нов здравствен дом.

Новиот здравствен дом ќе зафаќа бруто површина од 600м2, ќе биде изграден на два ката и во него ќе има 14 ординации. Покрај основната здравствена заштита ќе се обезбедат и други специјалистички здравствени услуги.

-Жителите на општина Илиден по половина век ќе добијат модерен објект во кој ќе биде сместен здравствениот дом. За оваа намена вредноста на договорот за јавна набавка е 16 милиони денари. Од Министерството за здравство за реализација на овој проект се обезбедени осум милиони, додека другите средства се обезбедени од општина Илинден, посочи министерот Таравари.

Со изградбата на здравствениот дом на граѓаните ќе им се овозможи широк спектар здравствени услуги во местото на живеење, со што повеќе не ќе мораат да патуваат по дваесетина километри за да ги задоволат своите здравствени потреби.

Сподели на:

Related Posts