Day: март 13, 2020

ВЕЧЕРВА НА КЛИНИКАТА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ И ФЕБРИЛНИ СОСТОЈБИ НЕМА НОВИ ПАЦИЕНТИ

Патникот кој денеска со авион пристигна од Германија и беше тестиран е негативен на корона вирусот. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата. […]

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19 СО КОЈА СИТЕ НЕЈЗИНИ МЕРКИ ДОБИВААТ ПРАВНА ОСНОВА ЗА НИВНО СПРОВЕДУВАЊЕ

Владата на Република Северна Македонија на својата 17-та седница го разгледа Записникот од состанокот на Координативното тело за прибирање и размена на информации за спроведување на мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус инфекцијата, одржан на 12 март 2020 година, со Листа на дијагнози на хронични состојби и […]

ВЧЕРА БЕА ТЕСТИРАНИ 4 ЛИЦА ОД СТРУМИЦА И 8 СОПАТНИЦИ ПОВРЗАНИ СО ПРВОЗАБОЛЕНАТА ПАЦИЕНТКА – СИТЕ СЕ НЕГАТИВНИ НА КОРОНА ВИРУС

Министерството за здравство информира дека вчера попладнето на корона вирус беа тестирани 4-те лица од Струмица – поврзани со првата пациентка. Нивните тестови се негативни на вирусот. Исто така, беа тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати беа негативни на корона вирустот.   Практично, сите сопатници од комбето на […]