ПОДДРШКА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КОРОНАВИРУСОТ: СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ И ЛИСТА НА ДОНАТОРИ

СЕКОЈА ПОДДРШКА Е ВАЖНА

Како и секаде во светот и нашата земја е соочена со предизвикот за сузбивање на коронавирусот.  Поддршката од сите е неопходна за да може здравствениот систем соодветно да одговори на овој огромен предизвик. Благодариме на сите што помогнаа и донираа за справување со коронавирусот.

Вклучи се зошто секоја поддршка е важна:

За директна финансиска помош во парични донации за набавка на стоки, добра и услуги кои се потребни заради заштита на населението на Република Северна Македонија од коронавирусот средствата може да се уплатуваат на:

Во денари Во евра Во американски долари
Назив на примач: Трезорска сметка Министерство за здравство
Банка на примач: НБРСМ Сметка бр: 100000000063095
Сметка на Буџетски корисник: 
1900100434 785 K2;
Приходна шифра: 744311
Програма: 10
Цел на дознака: „финасиска помош – КОВИД19“.  
Correspondent bank details: DEUTSCHE BUNDESTBANK ZENTRALE
Address:
Wilhelm Epstein Strasse 14,
Frankfurt am Main
GERMANY SWIFT BIC: MARK DE FF Bank details: NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
Address: Bl. “Kuzman Josifovski Pitu” br. 1
1000 Skopje
Republic of North Macedonia SWIFT BIC: NBRM MK 2X

Final beneficiary:
IBAN: MK07100701000006669
Name: Ministerstvo za zdravstvo
Details of payment:
Correspondent bank details: CITIBANK NA NEW YORK
Address: 111 WALL STREET NEW YORK
NY 10043 SWIFT BIC:  CITI US 33
Bank details:
NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
Address: Bl. “Kuzman Josifovski Pitu” br. 1
1000 Skopje
Republic of North Macedonia SWIFT: NBRM MK 2X

Final beneficiary:
IBAN: MK07100701000006669
Name: Ministerstvo za zdravstvo
Details of payment (:70):  

За сите поединци или компании кои се заинтересирани да донираат заштитна опрема, медицинска опрема или медицински помагала или материјали,  како и било какви други средства,  добра и услуги кои се потребни за справување со коронавирусот (2019-nCov), тоа може да го направат во директна соработка со одговорните од Министерството за здравство.

За таа цел, Министерството за здравство има изработено листа на приоритети за набавки која може да се побара преку е-маил адресата на одговорното лице: sandra.velovska@zdravstvo.gov.mk . Тука можат да се добијат конкретни инструкции за постапката за донација.

Даночни поттикнувања

Ги известуваме донаторите до Министерството за здравство, дека, со цел да се поедностави процедурата за искористување на даночните поттикнувања, Владата на РСМ донесе Уредба со законска сила со која се смета за утврден јавниот интерес на донацијата во финансиски средства, добра и услуги, чиј примател на донацијата се буџетските корисници, со цел да се решат состојбите што се предизвикани на територијата на Република Северна Македонија од Коронавирусот COVID 19. Со тоа за овој тип на донација не се спроведува постапка за потврдување на јавен интерес во Министерството за правда.

Правните лица – даватели на донација како што е дадено во уредбата, за искористување на даночното поттикнување до Управата за јавни приходи доставуваат даночен биланс, копија од договорот за донација, писмена потврда за примена донација, како и доказ за уплата на средствата во електронска форма најдоцна до 31 декември 2020 година.  Граѓаните – физички лица кои донираат средства, можат да остварат даночно поттикнување за донација со доставување на Извештај за донирани средства, договор за донација и писмена потврда за примена донација, како и доказ за уплатени финансиски средства до Управата за јавни приходи по електронски пат преку системот „e-Персонален данок”, најдоцна до 31 јануари наредната година. 

Примени ДОНАЦИИ

Состојба 03.06.2020 година

Донациите во опрема и добра за Министерството за здравство обезбедија медицинска опрема за потребите на повеќе клиники и здравствени институции и тоа: околу 80 парчиња поголеми медицински апарати (апарати за механичка вентилација, рентген апарати, бронхоскопи, респиратори, инфузиомати, ЕКГ апарати, ЕХО апарати, дефибрилатори, аспиратори за сукција, пациент монитори за инвазивно мерење притисок, апарати за лабораторија), потоа – батерии за рентген апарати, кислородни маски, пулсоксиметри, околу 25.000 тестови,  апарати за прочистување на воздух, над 2.000.000 парчиња заштитна опрема (заштитни наочари, визири, скафандери, разни видови маски, каљачи, капи), потребни лекови и медикаменти, потрошен материјал, како и немедицинска опрема и други потреби пред сè на Инфективните оддленија – 12 возила, машини за перење, сушење, бојлери за топла вода, кревети, фолија за маневарска болница, пешкири, постелнини, козметички производи, вода, софтверски апликации. Вкупната вредност на донациите во опрема и добра е 950.000 евра.

Вкупната вредност на донациите во опрема и добра е 1.285.678 евра.
На наменската сметка на Министерството за здравство за донации до сега пристигнати се средства во висина од вкупно 125.365.531 денари, или 2.038.464 евра, кои ќе се користат за справување со коронавирусот.

ДОНАТОРИ

Состојба 03.06.2020 година

Министерството за здравство упатува особена благодарност до:

Странските претставништва и земји кои донираа за сузбивање на коронавирусот

Европска Унија, Соединети Американски Држави, Чешка Република, Турција

Германската, Француската, Кинеската, Швајцарската и Американската Амбасада, Амбасада на Холандија.

Компании

ИГМ Трејд, Алкалоид АД Скопје, ЕВН Македонија, Стопанска Банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ банка, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, АТС Груп, Тотал ТВ, Аутомотив Груп, Аутомобиле СК, Филип Морис, Макпетрол АД Скопје, Атлантик Груп, Цементарница Усје, ОКТА, Гранд експорт ДООЕЛ, Битолска млекара, Адинг, СиТ Македонија, Горска вода, Некстсенс, Тенфоре-Еуропоинт, Моцарт обложувалници, Новонордиск, Шпаркасе и Охридска банка, Кронберг и Шуберт, Сава Пензиско друштво АД Скопје, ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани,  Мермерен Комбинат АД Прилеп, Рудник Саса, Бајер доо Љубљана, Бучим Доо Радовиш, Вардар Доломити Дооел, Симфони Инженеринг Дооел, Нелт СТ, ДПТУ Жито Дооел, Триглав Осигурување АД, КБ ПУБЛИКУМ ИНВЕСТ АД Скопје, Сивус, Македонија Лек, ИНТ Трејд Дооел Кочани, Гоинвест Дооел, Велан Инженеринг, Мак Аутостар Дооел, КБ Пензиско друштво, Прокредит Банка АД, АГ-П Дооел, Греемак Гроуп Доо, Кат Костов Доо, Алена Дооел Скопје, 33 Единство, Про Ассист Дооел Скопје, Ваурон, Леов, Рамстор, Лукоил, Реплек, Тотал инженеринг, Антхура Кочани, Илинден АД Струга, Генерал електрик, БиМек, Санофи, Авицена, Лек Скопје ДООЕЛ, Рош Македонија, Еурофарм, Теди компани, Фитофарм, Мак медика, Витаминка Прилеп, Макпрогрес, Скопстер, Макаус, Лајфвоч, Тинекс, Линеа, Ротари клуб, Алансер, Дени Интернационал, Хриливел Скопје, Фас Вас Васко, Здружение на возачи Охрид, ЦВО Брокер Охрид, Алена Дооел Скопје, Адвокат Иван Симоновски, ИмагеПР, Кара констракшн, Порд машинопроект, Аптив, Етерна, Зобек Мининг, 360 степени, Златекс, Медарско здружение Матица, Гицко, Адвокатско друштво Гоџо, Кичеец и Новако, Еден на еден ДООЕЛ, Аптив Сервисес Македонија, Чокомил Доо Ресен, Автотехна Доо, Ефтов П.И.Т, Котиледон Продукција, Амбар Дооел, Син Аг 95,  Digital Finance, Ековис Аудит Македонија Доо Скопје, Интереврогенекс, Новохем Груп Дооел , Нотар Ѓорѓи Николов, Ваља Транс Дооел, ПЗУ Др Драги Фамили Медика М. Каменица, Стоматолошка Ординација Блек, Symphony Solutions, Здружение на возачи Гевгелија, ПЗУ Виталитас Вевчани, Мега Куманово, Голден Арт, Акустик и Греемак Гроуп, Ендава, Гарифоли консалтинг Доо, Раде Кончар, Бејсдорф Белград, Моби Петрол Охрид..

Државни и јавни претпријатија, организации и институции

Државна видеолотарија на Македонија, Агенција за аудио-визуелни медиумски услуги, Агенција за разузнавање, КИБС, Град Скопје, општина Студеничани, Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија, Ракометна Федерација на РСМ, Стопанска Комора на РСМ, Синдикат на клинички центар, Државен завод за ревизија, Централен депозитар за хартии од вредност, Македонска Берза АД Скопје, Project Hope, Национална опера и балет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје, УНИЦЕФ.

Индивидуалните донатори

Голема благодарност упатуваме кон сите компании, институции и поединици кои донираат директно во другите здравствени установи низ државата и кои се комуницираат преку здравствените институции.