Day: февруари 25, 2020

НЕГАТИВНИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ НА ПАЦИЕНТКАТА КОЈА ВЕЧЕРВА БЕШЕ ТЕСТИРАНА НА КОРОНА ВИРУС НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ

Резултатите на пациентката која вечерва беше тестирана на корона вирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни. Ја следиме ситуацијата, постапуваме согласно протоколите на СЗО и продолжуваме редовно да ја информираме јавноста.

ВО МОМЕНТОВ НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ СЕ ВРШИ ТЕСТИРАЊЕ НА КОРОНА ВИРУС КАЈ ПАТНИЧКА КОЈА ПРИСТИГНАЛА ОД ИТАЛИЈА, РЕЗУЛТАТИТЕ ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ЗА 4 ЧАСА

Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се врши тестирање на корона вирус кај патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје. Резултатите ќе бидат готови во наредните 4 часа, по што веднаш ќе ја известиме јавноста.

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: И ВТОРИОТ ТЕСТИРАН ПАЦИЕНТ, НЕГАТИВЕН НА КОРОНА ВИРУС

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во изјавата за медиуми истакна дека и вториот пациент е негативен на корона вирус. Се работи за лице кое по 6 дена престој во Дубаи пристигнало со лет во Скопје. Пациентот има инфлуенца тип Б. Инфективното одделение во штипската болница ќе биде по потреба просторија за изолација, а […]

ВЛАДА: ДА СЕ ОДЛОЖАТ ПАТУВАЊАТА И ЕКСУРЗИИТЕ ВО ИТАЛИЈА И ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ КАДЕ ИМА КОРОНАВИРУС

На денешната владина седница се донесоа повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од корона вирусот. На седницата е утврден заклучок Министерството за здравство, да формира постојан центар за информирање на јавноста во кој ќе бидат вклучени и граничната полиција, Центарот за управување со кризи и секторот […]

ФИЛИПЧЕ: ИМА ДОВОЛНО КРЕВЕТИ, МАСКИ, МАНТИЛИ И СКАФАНДЕРИ – ВО МИНИСТЕРСТВОТО ОД ДЕНЕСКА ФУНКЦИОНИРА КРИЗНА ГРУПА СО ЕКСПЕРТИ ЕПИДЕМИОЛОЗИ И ИНФЕКТОЛОЗИ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна дека од денеска во рамки на Министерството за здравство функционира кризна група, во која членуваат експерти од областа на епидемиологијата, инфективните болести со цел менаџирање на сите информации и активности во врска со случаите со корона вирусот, потенцијално доколку ги има, координација […]

ПАЦИЕНТОТ НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ НЕГАТИВЕН НА КОРОНА ВИРУС

Информираме дека се негативни на корона вирус резултатите на пациентот кој вечерва беше тестиран на Инфективната клиника во Скопје.   Будно ја следиме состојбата и во континуитет постапуваме по препораките на Светската здравствена организација, а од денеска Министерството за здравство го подигна степенот на подготвеност на највисоко ниво. Се формира Кризен штаб во рамките на Министерството, […]