Day: декември 9, 2020

ДЕНЕСКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 504 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 69954, ОЗДРАВЕНИ СЕ 731 ПАЦИЕНТ – ПОЧИНАТИ СЕ 46 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 504 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-174, Куманово-15, Дебар-21, Штип-18, Прилеп-36, Тетово-47, Струга-1, Велес-31, Битола-8, Охрид-19, Кавадарци-26, Гостивар-27, Гевгелија-15, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Свети Николе-15, Неготино-10. Денеска Институтот за јавно […]

ФИЛИПЧЕ НА СОСТАНОК СО ДИРЕКТОРИТЕ НА ИНТЕРНИ КЛИНИКИ – ПОТРОШУВАЧКАТА ЗГОЛЕМЕНА, НО НЕМА НЕДОСТИГ ОД ЛЕКОВИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска се сретна со директорите на интерните клиники и разговараа за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал. На состанокот се разгледуваше состојбата за достапност на болничка терапија за ковид пациентите кои се хоспитализирани. И покрај зголемената побарувачка на одреден број лекови, […]

ФИЛИПЧЕ: ОД ДЕНЕСКА ПОГОЛЕМ БРОЈ ТЕРМИНИ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП, КОЛИЧИНИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ИМА СОСЕМ ДОВОЛНО

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител истакна дека вакцините против сезонски грип не се истрошени и најави дека од денеска ќе има поголем број термини за вакцинација. „Тоа што го видовме во овој изминат период е еден огромен интерес како што никогаш немало минатите години. Ние […]

ОД ДЕНЕСКА ПОГОЛЕМ БРОЈ ТЕРМИНИ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП, КОЛИЧИНИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ИМА СОСЕМ ДОВОЛНО

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител, истакна дека вакцините против сезонски грип не се потрошени и најави дека од денеска ќе има поголем број термини за вакцинација.   -Тоа што го видовме во овој изминат период е еден огромен интерес како што никогаш немало минатите години. Ние имавме […]

НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА СМРТНИ И НОВОДИЈАГНОСТИЦИРАНИ СЛУЧАИ, НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД РЕГИСТРИРАНИТЕ И НАТАМУ ОД СКОПЈЕ

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 декември, 2020 се тестирани вкупно 17.456 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2,  намалување од 7,0% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување […]

РЕГИСТРИРАНИ 1120 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 69452, ОЗДРАВЕНИ 916 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ 28 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2993 тестирања, а регистрирани се 1120 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-507, Куманово-60, Штип-30, Прилеп-52, Тетово-37, Струга-35, Велес-31, Битола-36, Охрид-49, Кавадарци-33, Гостивар-56, Гевгелија-8, Струмица-43, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Крушево-3, Кочани-16, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-6, Берово-15, Валандово-5, Виница-7, Делчево-25, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-8, […]