Day: февруари 22, 2024

МАНОЛЕВА: ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ТЕТОВО Е ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ЗА ВЛОЖУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ И ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева беше во работна посета на Здравствениот дом во Тетово, каде оствари средба со менаџментот и направи обиколка низ установата. -Со инфраструктурното зајакнување се овозможуваат поквалитетни здравствени услуги за пациентите. Со заеднички заложби продолжуваме да го зајакнуваме јавното здравство со опрема, кадар и инфраструктурни проекти. Инвестициите во здравствениот систем […]

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ ЗА ПОСТЕР НА ТЕМА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

Во рамки на проектот за поддршка на системот за трансплантација во Република Северна Македонија, објавени се Повици за професионални дизајнери и за средношколци, кои ќе одлучат да достават свои креативни решенија за брендирање кампања за подигнување на свеста за органодонорство и трансплантацијата. Целта на креативните решенија е да информираат и едуцираат, при тоа доловувајќи ја суштината […]

СРЕДБА ДЕМИРИ-ЈОХАНСЕН: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ – ПРИОРИТЕТИ НА СЗО И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерот за здравство, д-р Илир Демири оствари прва официјална средба со д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје. Демири и Јохансен дискутираа за заедничките приоритети од областа на здравството и за активностите кои ќе се спроведуваат во рамките на двегодишниот договор за соработка меѓу […]

ДЕМИРИ: НОВИ ГРАНТ ПРОЕКТИ ЗА ТРИ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ОД ЈАПОНСКА АМБАСАДА

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева присуствуваа на потпишувањето нови грант-проекти во рамки на јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија. Директори на три јавно здравствени установи потпишаа договори со јапонската амбасада. -Со особена чест денеска присуствувам […]