ПРВИ БЕБИЊА ГОДИНАВА НА КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И ВО БОЛНИЦАТА ВО ЧАИР

Со убави вести ја почнуваме новата година. На Клиниката за гинекологија точно една минута по полноќ се роди првото бебе годинава. Здраво машко бебе тешко 3190 грама, долго 50 сантиметри.

👉Ова беше повод за посетата на министерот Таравари на Клиника за гинекологија заедно со сопругата Нора Таравари, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, заменикот министерот за здравство, Јовица Андовски и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

На настанот беа дадени пригодни подароци за првороденото бебе.

Министерот Таравари заедно со сопругата ја посети и Специјалната болница по гинекологија ,,Мајка Тереза” во Чаир, каде беа дадени пригодни подароци на првороденото бебе во оваа болница.

🎄Посакуваме среќни новогодишни празници, здравје и радост во секој дом!

Сподели на:

Related Posts