РАБОТНА СРЕДБА МЕЃУ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЗ И ФЗОМ

Во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се одржа четврта работна средба на претставници на второстепениот орган од Министерството за здравство со претставници од првостепениот орган, односно подрачните служби на Фондот од југоисточна Македонија.

Средбата ја отвори м-р Михајло Костовски со свое излагање ги запозна присутните со општите одредби од Законот за општата управна постапка, како и со посебните одредби од Законот за здравствено осигурување, кои се однесуваат на водењето управна постапка пред првостепениот и второстепениот орган, а кои конкретно се користат при остварување на правата од здравственото осигурување. Притоа, тој се осврна и на целокупната досегашна работа на второстепениот орган и потсети на обврските за органите во постапката, согласно содржината на пресудите од Управниот суд.

За конкретните дилеми и проблеми, со кои се соочува второстепениот орган и за кои е потребно усогласување на ставовите и правните мислења со првостепениот орган, говореше м-р Лирим Кадриу по што се отвори конструктивна дискусија.

Кон крај на јануари е планирана и последната средба на која треба да се утврдат и конкретните заклучоци за усогласените ставови по одредени прашања за чие решавање ќе следат и конкретни предлози со цел надминување на истите и овозможување полесен и правичен пристап на осигурените лица до загарантираните права од здравственото осигурување.

Сподели на:

Related Posts