ОЗДРАВЕНИ СЕ 48 ПАЦИЕНТИ, ПОТВРДЕНИ 28 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 -ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 1259, ПОЧИНА 1 ЛИЦЕ

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Куманово -1, Битола -1, Скопје-19, Тетово -16, Штип – 1, Радовиш -4.

Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259 , а последната дистрибуција по градови е:
        Скопје – 422
        Куманово – 342
        Дебар – 51
        Штип-34
        Прилеп –126
        Тетово – 62
        Струга – 55
        Велес – 62
        Битола –17
        Охрид –15
        Кавадарци – 4
        Гостивар –13
        Гевгелија – 4
        Струмица – 2
        Крива Паланка-4
        Радовиш – 4
        Крушево – 3
        Кочани – 28
        Пробиштип – 2
        Кичево – 2
        Неготино -2
        Демир Хисар – 1
        Македонски Брод -2
        Пехчево- 1
        Валандово -1

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –417, преку Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –11, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –141  и Систина со PCR метода  -31.  Досега во земјата се направени вкупно 13000 тестирања на ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19.

Сподели на:

Related Posts