Вакцинацијата е најдобриот начин за заштита на здравјето на населението, истакна министерот за здравство, Беким Сали, кој денеска се вакцинираше со трета доза вакцина на „Фајзер“ против коронавирус на вакциналниот пункт на УКИМ во Скопје, во рамки на заедничката акција со студентите на Медицински, Стоматолошки и Фармацевтски факултет. – Денес примив трета доза вакцина „Фајзер“ и одлично се чувствувам. За сите граѓани, кои имаат недоумица околу вакцинацијата, сакаме да упатиме порака од ова академско место заедно со ректорот, професорите и студентите дека вакцинацијата е сигурна и безбедна и таа е најдобар начин за заштита од коронавирусот. Сакам да апелирам дека во нашата држава граѓаните имаат потреба од дополнителна акција, односно стимулирање на вакцинирањето, затоа што не можеме да кажеме дека сме задоволни од сегашниот процент на вакцинирани за да пристапиме кон либерализација на заштитните мерки од Ковид-19, истакна министерот за здравство Сали. Иницијативата за денешната акција за вакцинирање произлезе од факултетите, со кои пративме заедничка порака дека е потребно зголемување на опфатот со имунизација, за што ќе помогне и отворањето на вакциналниот пункт на УКИМ, кој е отворен од денеска, и секој работен ден сите заинтересирани студенти може тука да се вакцинираат. Се упати заеднички апел до сите млади да се мотивираат да се вакцинираат, изборот е индивидуален, но научните сознанија и докази укажуваат дека се спречуваат тешки компликации и оваа инфекција не бира возраст и може да завршат фатално.
Related Posts
АНДОВСКИ: ГОДИНАВА РЕКОРДЕН БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП
ноември 22, 2024
СОВРЕМЕН ИНКУБАТОР ЗА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА
ноември 11, 2024