МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ДР.БЕКИМ САЛИ, ИМАШЕ РАБОТНА СРЕДБА, СО Г.СПАСЕ ДОДЕВСКИ, СОВЕТНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Продолжување на реформата за новиот модел на проценка на децата и младите со попреченост, согласно Меѓународната Класификација на Функционирање- МКФ, беше главната тема на работната средба, на која денес разговараа министерот за здравство др.Беким Сали, г.Спасе Додевски, советник на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за здравствена заштита, образование, социјална заштита за лицата со попреченост и претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, како и г-ѓа Лидија Крстевска Дојчиновска, државен советник во Канцеларијата на Претседателот на Владата.
На средбата се разговараше за потребата од усвојување на измените на Законот за здравствена заштита, кои ќе овозможат институционализација на регионалните стручни тела за функционална проценка во рамките на Службата за функционална проценка при ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје. Спасе Додевски, претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, ја нагласи и важноста за подобрување на физичката пристапност на здравствените установи.
Беше истакната и подготвеноста за отворање на дебата за можноста за ослободување од партиципација од здравствени услуги за децата и лицата со попреченост, за што е потребно Фондот за здравствено осигурување да направи анализа за финансиските импликации
„Здравствениот систем треба да биде подготвен да одговори на потребите на сите граѓани, и секој еден да ја добие потребната здравствена заштита и услуга„- нагласи министерот.

Сподели на:

Related Posts