СРЕДБА СО ЕВРОАМБАСАДОРОТ ДЕЈВИД ГИР И ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ.

Активности за унапредување на опфатот со вакцинација против Ковид-19, покана за пристап во Програмата EU4Health, како и усогласување на законодавството во однос на законите за лекови, дроги, трансплантација, контрола на производи од тутун, беа дел од темите на денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали со евроамбасадорот Дејвид Гир и претставници од Делегацијата на ЕУ.На средбата стана збор и за тековните проекти, кои се одвиваат преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2 и ИПА 3, преку кои се обезбедува опрема за здравствениот сектор, како и активности за намалување на загадување на воздухот и за унапредување на здравјето на населението во нашата држава. Во рамки на ИПА 3 проектот е предвидено унапредување на службите за перинатално здравје, подобрена превенција и контрола на незаразни заболувања, превенција на канцер и поддршка за развој на Е–здравство, за што е подготвен акциски документ за ЕУ-финансиран проект за унапредување на здравјето и на социјалната заштита и родовата еднаквост.Министерот Сали, на средбата изрази голема благодарност за континуираната поддршка од ЕУ уште од почетокот на Ковид-19 пандемијата за здравствениот систем, во однос на обезбедената медицинска апаратура за справување со здравствените ризици, опрема за лична заштита на медицински персонал, како и за пристигнатите вакцини преку Ковакс механизмот. Целокупната поддршка преточена во проекти ќе придонесе за унапредување на здравствените услуги, подобрена дијагностика, како и за превенција и третман на пациентите.

Сподели на:

Related Posts