Во пријателска и конструктивна атмосфера беше денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали со амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва. На средбата стана збор за размена на искуства и предизвиците со кои се соочуваат двете земји во справувањето со пандемијата. Заеднички беше договорено оваа соработка во иднина да продолжи и да се продлабочи, со акцент на обуки на медицински персонал, како и евентуална помош од донации доколку е тоа неопходно. Министерот Сали изрази благодарност за посетата на амбасадорот Луда, со надеж дека овие средби ќе продолжат и во иднина, надградувајќи ја досегашната соработка во здравството меѓу двете држави.
Related Posts
АНДОВСКИ: ГОДИНАВА РЕКОРДЕН БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП
ноември 22, 2024
СОВРЕМЕН ИНКУБАТОР ЗА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА
ноември 11, 2024