МИНИСТЕРОТ САЛИ, ЗАЕДНО СО МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ- АКУШЕРКИ НА ГАК ГО ОДБЕЛЕЖАА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА АКУШЕРКИ

Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со медицинските сестри- акушерки го одбележаа Меѓународниот ден на акушерките 5 мај.

-Тие се синоним за раѓање нов живот, важна алка во гинеколошкиот тим и значајна поддршка на идните мајки за олеснување на породувањето. Токму на нивниот ден, заедно со менаџментот на ГАК им се заблагодаривме за нивниот професионален ангажман и непрекинатата грижа за мајките и новороденчињата и токму од оваа Клиника го означуваме почетокот на недела на сестринството, што годинава се одбележува под мотото @Медицинските сестри – глас што води”, рече министерот Сали при денешната посета на Универзитетската клиника за гинекогија.

Сподели на:

Related Posts