ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА

По повод 30 мај – Светскиот ден на лицата со мултипла склероза Националното здружение на лицата со Мултипла склероза, организираше настан на кој говореа:  претседателката на Националното здружение за МС, Ана Карајанова Димитрушева, сопругата на претседателот на РСМ проф. Д-р Елизабета Ѓоргиевска, заменик министерот за Здравство Доц. Д-р Владимир Рендевски, директорот на секторот за фармација на Фонд за Здравствено осигурување на РСМ М-р Кристина Христова и директорот на Универзитетска Клиника за неврологија, доц. Д-р Иван Барбов. 

,,И покрај евидентниот напредок кој е направен изминативе години, сѐ уште има потреба од унапредување на грижата за лицата со мултипла склероза, како на пример навремена дијагностика, адекватен и современ третман преку зголемување на достапноста на високоефикасните и иновативни лекови’’, порачаа од Здружението.   

Мултипла склерозата често знае да пројави неспецифични знаци, вели заменик министерот за здравство Рендевски, и ги повика здруженијата на повеќе кампањи за рана детекција за болеста. Во меѓувреме, како што кажа, ќе вложи поголеми напори што поскоро да се прошири позитивната листа на лекови. 

„Даваме апсолутна поддршка и лични мои напори меѓутоа и професионални, како институција, ќе се заложам современата терапија да биде што подостапна кај сите пациенти за кои како држава сме должни да обезбедиме квалитетен и добар живот.“- Владимир Рендевски, заменик министер за здравство. 

https://www.ohridnews.com/wp-content/uploads/2022/05/Sv.den_multipleks2.jpghttps://www.vecer.press/wp-content/uploads/2022/05/%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B4%D0%B5%D0%BD.jpghttps://mia.mk/wp-content/uploads/2022/05/20220530110919_IMG_8182-01-scaled.jpeg

Сподели на:

Related Posts