Викендов во Скопје се одржа стручен состанок во организација на здружението на неврохирурзи на Република Северна Македонија, под наслов ,,Новини во неверохирургијата“.
Настанот со свое видео обраќање го отвори министерот за здравство Д-р Беким Сали, кој го истакна значењето на невохирургијата како исклучително важна и сензитивна медицинска гранка во здравството во државата. Министерот Сали ја потенцираше поддршката на Министерството за здравство кон воведувањето на новите современи неврохируршки процедури, со цел да се следат современите европски и светски текови од оваа медицинска гранка, со крајна цел подостапни здравствени услуги и подобрување на квалитетот на здравствената заштита на нашите пациенти.
На настанот се обрати и претседателот на здружението Проф д-р Александар Чапароски кој истакна дека после повеќегодишната пауза заради ковид пандемијата, овој настан е продоложување на континуитетот на работата на неврохируршкото национално здружение и дека во иднина ќе продолжат да се организираат вакви и поголеми настани од оваа медицинска гранка.
Во рамки на стручниот дел со своестручно предавање се претстави и заменик министерот за здравство Доц. д-р Владимир Рендевски, кој говореше за новата имплементирана медицинска метода ,,Вагус нерв стимулација кај пациентите со медикорезистентна епилепсија“, за која заедно со медицнскиот тим минатата година беа добитници на 13-ноемвриската награда на град Скопје од областа на здравството.
Со свое излагање се претстави и претходниот министер за здравство Проф. д-р Венко Филипче, кој се осврна на ризик факторите што се причинители на рекрварења кај пациентите со субарахноидална хеморагија, како и повеќе предавачи од областа на неврохирургијата и сродните гранки: неврорадиологија и невроонкологија.