ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КАНДИДАТИ ЗА ФЕТАЛНА МЕДИЦИНА

Потпишан е заеднички меморандум меѓу Министерството за здравство на РСМ, Министерството за надворешни работи на Република Грција и Фондацијата за фетална медицина. Во рамките на меморандумот е предвидена соработка, согласно Програмата за фетална медицина за периодот 2022-2025 година, каде се опфатени иницијативи за: отворање единица за фетална медицина, спроведување на Програмата за континуиран тренинг за фетална медицина на доктори специјалисти од целата држава, опремување на кабинетот за едукација, донација од два современи ултразвука и пет компјутери со софтвер, обезбедување на потребните едукативни материјали, како и обезбедување услови за воспоставување телеконференциска врска меѓу Клиниката за гинекологија и меѓународни предавачи.
Оваа обука ќе овозможи дополнителни знаења за сите специјалисти областа на скринингот на фетални неправилности кај плодот уште во утробата на мајката односно ќе овозможи повисоко ниво на антенатална дијагностика.

Согласно Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за надворешни работи на Република Грција, Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Фондацијата за фетална медицина, потпишан на 9.12.2022 година, Министерството за здравство објавува јавен оглас за пријавување на кандидатите за обука.

ЈАВЕН ОГЛАС – преземи

Сподели на:

Related Posts