Малиот Трим, роден во Специјалната болница за гинекологија и акушерство – Чаир е првото новороденче кое доби електронски извод од матичната книга на родени.Оваа новина е промовирана денеска при посетата на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити на родилиштето во Чаир.На овој начин, се олеснува постапката за издавање извод на родени и се овозможува родителите да не одат по шалтери во институциите, туку веднаш во породилиштата да поднесат барање за електронски извод и истиот да го добијат за неколку дена во електронска форма на нивните електронски адреси, истакна министерот Меџити.
Related Posts
АНДОВСКИ: ГОДИНАВА РЕКОРДЕН БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП
ноември 22, 2024
СОВРЕМЕН ИНКУБАТОР ЗА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА
ноември 11, 2024