Во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга беше Заменик Министерката за Здравство на РСМ Д-р Маја Манолева. За време на нејзината посета на болницата беше запознаена со процесот на работа на болницата, со структурата на вработените како и со стручниот лекарски тим.
Во текот на посетатата Заменик Министерката Д-р Манолева ги посети Салите за хемодијализа како и амбулантно поликлиничкиот дел со посебна посета на кабинетот за ехотомографија. При тоа имаше средба со пациентите кои се на хроничен дијализен третман. Во Микробиолошката лабораторија Министерката се запозна со апаратурата која се користи во лабораторијата и со кои микробиолошки анализи и предизвици се справува истата.