Согласно член 55 од Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 47/2011, 136/2011, 91/2013, 164/2013, 27/2014, 112/2014, 144/2014, 124/2015, 149/2015, 37/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија “ бр. 236/22), се објавува оглас за национален координатор за трансплантација и заменик на Националниот координатор за трансплантација.
(1) Кандидатот кој аплицира за национален координатор за трансплантација и за заменик на националниот координатор за трансплантација треба да ги исполнува следните услови:
1) да има завршено медицински факултет или факултет од областа на биомедицината, хумана имунологија или хумана генетика, со просек најмалку 8,0;
2) положен стручен испит за лицата кои имаат завршено медицински факултет;
3) специјализација од хируршка или интернистичка гранка на медицината или специјализација за хистокомпатибилност или имуногенетика;
4) најмалку пет години работно искуство во соодветната специјалност, односно пет години работно искуство од областа на трансплантацијата;
5) да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност;
6) да е државјанин на Република Северна Македонија;
7) активно да го владее македонскиот јазик
(2) Доколку кандидатот биде избран за национален координатор за трансплантација, односно за заменик на националниот координатор за трансплатација, во рок од шест месеци од изборот ќе полага психолошки тест и тест за интегритет и ќе достави доказ за исполнетост на условот за активно познавање на англискиот јазик, што се докажува со еден од следните меѓународно признаени сертификати:
– ТОЕФЕЛ (TOEFEL) – најмалку 74 бода за електронско полагање преку компјутер, не постар од три години од денот на издавање
– ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, не постар од три години од денот на издавањето
– ТОЛЕС (TOLES) – базично познавање (Foundation level)
– ИЛЕК (ILEC) – положен со успех најмалку Б2 (B2), Кембриџ сертификат за прелиминарен англиски (Cambridge Certificate of Preliminary English) – Б1 (B1) и
– меѓународно признаени сертификати за познавање на англискиот јазик од областа на медицината.
(3) Националниот координатор за трансплантација и заменикот на националниот координатор за трансплантација ги избира Владата на Република Северна Македонија по објавен оглас, за период од четири години.
(4) Лично подготвената пријава, придружена со кратка биографија и документацијата за исполнување на условите од точката 1 од овој оглас, кандидатите може да ја достават во рок од 15 дена од објавување на огласот во веб страната на Министерството за здравство и дневните весници Вечер и Коха, лично во архивата на Министерството за здравство или по пошта на следната адреса:
- Министерство за здравство, ул. „50 Дивизија“, бр. 14, Скопје, сo назнака ОГЛАС за национален координатор за трансплантација и заменик на националниот координатор за трансплантација.