УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕЃУРЕСОРСКАТА СОРАБОТКА ВО ФОКУСОТ НА НАСТАНОТ ПОСВЕТЕН НА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА НА ЛЕКОВИ

Клучно е унапредување на заедничката меѓуресорска соработка во владата и вклучување на сите релевантни институции во заедничките напори за што подобар пристап до лекови, истакна министерот за здравство д-р Арбен Таравари на денешниот настан посветен на позитивната листа на лекови, што се одржа во Владата на Р.С. Македонија.

Тој појасни дека од клучно значење е да негуваме подлабока соработка помеѓу надлежните институции и сите клучни чинители.

-Овој заеднички пристап ќе ни овозможи поефикасно да се справиме со постојните предизвици и да имплементираме одржливи решенија. Токму, неодамнешната ревизија на позитивната листа е доказ за нашата посветеност, но тоа е само почеток.

Станува збор за повеќе од политика – се работи за луѓе, заклучи Таравари.

Сподели на:

Related Posts