АКРЕДИТАЦИЈА И ВРВНИ СТАНДАРДИ НА КЛИНИКАТА ЗА ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА

Клиниката за пластична хирургија е пример за постигнување врвни стандарди во работењето. Изминатиот период менаџментот и персоналот од клиниката активно работеа на акредитација на оваа установа и се реализирани низа активности за унапредување на третманот на пациентите.

-Акредитацијата е од големо значење за подобрување на квалитетот на здравствени услуги и ја зголемува довербата кај пациентите и јавноста. Ова е значајна инвестиција во подобрување на услугите и подигнување на нивото на здравствена заштита, истакна министерот за здравство д-р Фатмир Меџити во рамки на посетата на УК за пластична хирургија, на која присуствуваа и заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, државниот секретар д-р Јусуф Хасани и директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, д-р Мерхал Исмаили.

Сподели на:

Related Posts