Во Клинички центар „Мајка Тереза“ се поставени нови табли за ориентација
Во Универзитетскиот клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје се поставени нови табли за ориентација. Новите табли се поставени на три различни јазици, на македонски, на албански и на англиски јазик. Сега сите граѓани без исклучок ќе имаат полесна ориентација во комплексот клиники.