Author: Daniela Aleksoska

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО ЦРВЕНИОТ КРСТ ЌЕ ЗНАЧИ БЕНЕФИТ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Учеството во заеднички кампањи и здравствено превентивни активности, зајакнувањето на соработката во областа на обезбедување прва помош и психосоцијална поддршка, се главните цели за кои беше потпишан заеднички меморандум за соработка на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити и генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, д-р Саит Саити. Согласно меморандумот двете страни ќе спроведуваат […]

НАД 1000 РЕЦЕПТИ ЗА ХРОНИЧНА ТЕРАПИЈА ПРЕПИШАНИ ЗА ЕДЕН ДЕН, РЕФОРМАТА ОДЛИЧНО ФУНКЦИОНИРА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ја посети поликлиниката Јане Сандански во Скопје, каде разговараше со дел од матичните лекари и пациенти во врска со предностите од новата реформска мерка во Примарната здравствена заштита (ПЗЗ). Во рамки на посетата, Меџити го посети и интерниот оддел на Поликлиниката каде најмногу се гледаат предностите од новата […]

РЕФОРМИТЕ ВО ПЗЗ ОВОЗМОЖУВААТ МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ МАКСИМАЛНО ДА СЕ ПОСВЕТАТ НА ПАЦИЕНТИТЕ

Започнавме реформска мерка со која овозможуваме матичните лекари да препишуваат хронична терапија за своите пациенти и со ова постигнуваме суштински промени и унапредувања за пациентите и за здравствените работници, истакна министерот за здравство д-р Фатмир Меџити при денешната посета на ординацијата на д-р Марта Тунџева , која е долгогодишен матичен лекар. Посетата министерот Меџити ја […]

МЕЏИТИ: ПОСВЕТЕНО РАБОТИМЕ ХЕПАТИТИСОТ ДА СТАНЕ НАШЕ МИНАТО

Хепатитисот претставува закана за јавното здравје, но со колективна акција и свесност, можеме да работиме на негова превенција, рано откривање и на крајот негова елиминација, порача министерот за здравство д-р Фатмир Меџити по повод одбележување на Светскиот ден за борба со хепатитисот. На настанот, кој беше организиран во партнерство со Хепар Центар Битола, присуствуваа и […]

МЕЏИТИ: ОД ВЛАДАТА ПОБАРАВМЕ НОВИ 22 ВОЗИЛА ЗА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денес ја посети службата за Итна медицинска помош во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, со цел да се информира за нејзината работа која е со зголемен обем поради високите температури кои ја зафатија земјава. Меџити разговараше со здравствените работици кои се дел од оваа служба и кои се […]

МЕЏИТИ ВО ПОСЕТА НА ДРЖАВНА КАРДИОХИРУРГИЈА: СПАСИВМЕ ЧЕТИРИ ЖИВОТИ И ИСПИШАВМЕ ИСТОРИЈА ВО МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денес ја посети Клиниката за државна кардиохирургија, каде е хоспитализиран пациентот кој пред пет дена доби нова шанса за живот по извршената трансплантација на срце. Четириесетгодишниот пациент од Скопје, во чии гради сега чука ново срце благодарение на хуманоста на едно семејство, во моментот се наоѓа во стабилна здравствена […]

MEЏИТИ НА СРЕДБА СО СИНДИКАТИТЕ И ФОНДОТ: ОД ПРВИ СЕПТЕМВРИ ЗА 10% ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ, СЕ ДОГОВАРА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА

Покачувањето на платите за вработените во јавниот сектор кое ќе стартува од септември оваа година беше тема на денешната работна средба меѓу министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита д-р Љубиша Каранфиловски, претседателот на Синдикатот на клинички д-р Предраг Серафимовски и претставници на Фондот за здравствено […]

ЕДЕН ДОНОР УТРОВО СПАСИ ЧЕТИРИ ЖИВОТИ

Првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб […]

ПРЕПОРАКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИТЕ ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Нашата држава од денеска (четврток, 13 јули, 2023 година) е зафатена од високи температури од портокалова фаза. Почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението. • Ослободување од работни обврски на бремените жени и […]

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО АБАСАДОРОТ НА АВСТРИЈА, ГЕОРГ ВУЦАС

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити на средбата со амбасадорот на Република Австрија, д-р Георг Вуцас, изрази благодарност за досегашната соработка, во рамки на која се реализираат обуки на доктори специјалисти од Република Северна Македонија во Универзитетскиот клинички центар во Виена, како и размена на доктори специјалисти од областа на патологијата, онкологија и офталмологија. Воедно, […]