Author: Daniela Aleksoska

ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН

Поради високите температури, кои деновиве ја зафатија територијата на државата, Министерството за здравство апелира да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето: – Во текот на екстремно топли денови останете во затворени простории (пред се климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за одмор под сенка. – […]

ОТВОРЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА ДИРЕКТНА КОМУНИКАЦИЈА СО МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ

Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Таравари. Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899001. Исто така, граѓаните имаат можност и за лична […]

ВРАБОТУВАЊЕ НА ПЕТ НАЈДОБРИ СТУДЕНТИ НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

На пет најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип веднаш по дипломирањето ќе им биде понудено вработување во државните болници, информираше денеска министерот за здравство д-р Арбен Таравари, по средбата со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ. -Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. […]

ПРЕПОРАКИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД РАБОТА НА НЕКОЛКУ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ И ЗАБРАНА ЗА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ НА ОТВОРЕНО

Владата на денешната онлајн седница по добиената информација за високите температури во коишто се наоѓа државата, ги усвои следните препораки, мерки и превенција за заштита: -Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12.07.2024 година (петок) до 18.07.2024 година (четврток). -Во истиот период, работодаваците да ги […]

ОБЈАВЕН ТЕНДЕРОТ ЗА НОВИ КОМПРЕСОРИ, ПРИОРИТЕТ НОВАТА ПОЗИТИВНА ЛИСТА, РЕГИОНАЛИЗАЦИЈА НА УСЛУГИТЕ И ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ЗДРАВСТВОТО

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, на денешниот брифинг со претставници на медиумите информираше дека веќе е објавен тендерот за набавка на нови компресори за хируршките клиники од страна на службата за општи и заеднички работи на клиниките. Тој најави дека во следниот период приоритет е осовременување на позитивната листа на лекови и како новина […]

ТОПЛОТЕН БРАН ВО ЦЕЛА ДРЖАВА ОД СРЕДА ДО НЕДЕЛА – БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ И ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИ ОСЛОБОДЕНИ ОД РАБОТА

Владата на Република Северна Македонија, на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државава и донесе соодветни препораки. Од Институтот за јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека од утре (среда, 19.06.) до недела (23.06) територијата на цела држава ќе биде зафатена […]

КБ ТЕТОВО ДОБИ КРЕАТИВЕН МУРАЛ

Клиничката болница во Тетово доби креативен мурал што симболизира почеток на нов живот, кадешто се раѓаат новите генерации. Министерот за здравство д-р Илир Демири потенцираше дека муралот е направен во соработка со невладината организација Лоја и упати голема благодарност до уметникот Ариан Џафери. -Секоја една индивидуа, независно од кој сталеж и од која структура ако […]

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈА – СЕ ЗГОЛЕМУВА ОПФАТОТ НА ВАКЦИНИРАНИ ДЕЦА

Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња со балетска точка. Настанот е организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, Светска здравствена организација и Детскиот фонд на Обединетите нации, поддржани од УСАИД и Европската унија. […]

ДЕМИРИ, СТАВРИДИС, ДИЏОВАНИ И ЈОХАНСЕН: БЕЛЕЖИМЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОПФАТОТ СО ВАКЦИНАЦИЈА, НО СÈ УШТЕ Е ПОД ПРЕПОРАЧАНИТЕ 95%

Министерот за здравство д-р Илир Демири, специјалната претставничка на СЗО во земјава, д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ за Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и д-р Кети Ставридис од Институтот за јавно здравје, денеска, одржаа заедничка прес-конференција, на која информираа за опфатот со имунизација во државата по повод одбележување на Европската недела за имунизација. Демири, потенцираше дека Министерството за […]

МЕДИЦИНСКИ СИМУЛАЦИСКИ ЦЕНТАР ЕДИНСТВЕНА ОВЛАСТЕНА ИНСТИТУЦИЈА ЗА ОБУКИ ЗА ДЕФИБРИЛАТОР

Согласно измените и дополнувањата на Законот за здравствената заштита објавени во Службен весник на РСМ бр. 74/24 од 02.04.2024 година, установата Медицински симулациски центар-МСЦ е надлежна како единствена овластена институција да врши обуки за основно одржување во живот со користење автоматски надворешен дефибрилатор на медицински и немедицински персонал, односно на сите лица кои имаат законски […]