Author: M M

ТАРАВАРИ НА СРЕДБА СО СЛОВЕНЕЧКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЗДРАВСТВО РУПЕЛ

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари се сретна со министерката за здравство на Словенија, Валентина Преволник Рупел. -Ја изразив мојата висока почит кон словенечкиот здравствен систем, кој е еден од најразвиените во регионот. Со министерката се договоривме за соработка во неколку здравствени сектори, истакна министерот.

АНДОВСКИ: ЗГОЛЕМЕН БУЏЕТОТ ЗА РЕТКИ БОЛЕСТИ, ВО ПОДГОТОВКА ПРВАТА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА

Заедно со националната алијанса за ретки болести го одбележавме Денот за ретки заболувања. Буџетот на Програмата на МЗ годинава е зголемен за 310 милиони денари и изнесува милијарда и 260 милиони денари, истакна заменик министерот Јовица Андовски во своето поздравно обраќање. -Интензивно работиме на подготовка на првата национална стратегија за ретки болести, како клучен стратешки документ. Мнистерството за […]

МЕМЕДИ: МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ СЕ ДВИЖЕЧКА СИЛА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Државниот секретар, д-р Бесим Мемеди се обрати на денешната регионална конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“, во организација на ХЕРА. -Младите лекари се главна движечка сила, наша заложба е да овозможиме што е можно поповолни услови за развој на младите лекари во нашата држава и соодветно вреднување на нивниот труд. Исто така, со […]

ПРВПАТ ОТВОРЕН ПЕДИЈАТРИСКИ ПУНКТ ВО ПОЛИКЛИНИКА БИТ ПАЗАР

Во поликлиника Бит Пазар првпат досега е отворен педијатриски пунк, кој ќе работи секој ден од 19:30 навечер до 07:30 наутро и во недела 24 часа, додека во сабота од 07:30 до 19:30. Пунктот е целосно реновиран, опремен е со нов медицински мебел, инвентар и потребните медицински средства од Здравствен Дом Скопје. Во педијатрискиот пункт […]

НОВА КОМПРЕСОРСКА СТАНИЦА ЗА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Денес со задоволство сакам да истакнам дека ја пуштаме во употреба новата компресорска станица за хируршките клиники, со што како Министерство за здравство и како Влада успешно решаваме сериозен проблем во секојдневното функционирање на операционите сали во комплексот клиники. Како што знаете, постапката за  набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух […]

ТАРАВАРИ СО ОТЧЕТ ЗА ПРВИТЕ 100 ДЕНА

-Подобрување на здравствениот систем, здравствената заштита и услуги за пациентите се приоритет на Министерството за здравство. 100 дена нова Влада значи вработување на 600 специјализанти во дефицитарните области, укинување на економските директори, нова магнетна резонанца во поликлиника Идадија, реновирано одделение на Дигестивна хирургија и нова апаратура, проширување на позитивната листа за 9 генерици или 87 […]

РАБОТНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРИТЕ НА КЛИНИКИТЕ-ВО ФОКУС ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРИРАЊЕ НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на средбата со директорите на универзитетските клиники разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочуваат во секојдневното работење. -Се надевам дека сите ќе дадеме максимум од себе за да ја подобриме состојбата на клиниките. Во нашиот фокус е да го вратиме клиничкиот центар како една установа, со […]

ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА И ЗАМЕНИК НА НАЦИОНАЛНИОТ КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

Согласно член 55 од Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 47/2011, 136/2011, 91/2013, 164/2013, 27/2014, 112/2014, 144/2014, 124/2015, 149/2015, 37/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија “ бр. 236/22), се објавува оглас за национален координатор за трансплантација и заменик на Националниот координатор за […]

РЕГИСТАР НА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ПО МЕДИЦИНА

Апликацијата за изразување на интерес на специјализантите за вработување во ЈЗУ ќе биде активна до 02.09.2024 година. Линк до апликацијата за изразување на интерес на специјализанти

МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ ЈА ПОСЕТИ КБ ТЕТОВО

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, во рамки на активностите ја посети Клиничката болница во Тетово за да се запознае со состојбата во болницата. За време на посетата тој се сретна со раководството и со медицинскиот персонал.