БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО АМБАСАДОРОТ НА КОСОВО ЌЕХАЈА

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска, оствари билатерална средба со амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја.

На средбата стана збор за продлабочување на соработката во областа на здравството во двете земји и за можностите за намалување на тарифите кои ги плаќаат косовски државјани при користење на јавноздравствените услуги.

Исто така беше разговарано за реципрочно намалување на цените на здравствените услуги на косовските дипломати во нашата држава и македонските допломати во Косово.

Сподели на:

Related Posts