Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари одржа билатерална средба со министерот за здравство на Република Малта, д-р Јо Етиен Абела, како и директорот на тамошната Агенција за лекови и претставници од овие институции.

Во фокусот на разговорите беше меѓусебната соработка во областа на фармацијата. Разгледани беа и можностите за склучување заеднички меморандум во оваа област, како и можностите за стручна едукација во областа на хируршките гранки и фармација.
