Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски се сретна со дел од тимот што ја направи првата трансплантација на црн дроб во ноември 2022 година. На овој свечен настан присуствувaше и министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити.
За овој историски подвиг во македонското здравство, премиерот им додели благодарница на сите кои учествуваа во овој сложен зафат. Ковачевски на почетокот од настанот изрази неизмерна благодарност до семејствата кои во најтешките мигови од животот, одлучуваат да ги донираат органите на нивен близок починат.
– Благородни се тие луѓе, семејства, кога во моменти на најтешка болка и страдање со својата одлука ја враќаат единствената надеж кај друго семејство, кај друг човек, кај пациент. Во период од три години, почнувајќи од 2020 година до јануари годинава, 18 семејства дадоа согласност од нивните блиски да се подарат и трансплантираат органи и подарија живот на десетици пациенти. Ви благодариме! рече премиерот.
Ковачевски на тимот лекари и медицинскиот персонал им честиташе за успешната трансплантација на срце со што Клиниката за дигестивна хирургија и останатите Клиники и Институти кои беа вклучени во трансплантацијата направи огромен придонес за нашиот здравствен систем.
Линк до обраќањето на премиерот по повод првата трансплантација на црн дроб