РЕГИСТАР НА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ПО МЕДИЦИНА
Апликацијата за изразување на интерес на специјализантите за вработување во ЈЗУ ќе биде активна до 02.09.2024 година. Линк до апликацијата за изразување на интерес на специјализанти
Апликацијата за изразување на интерес на специјализантите за вработување во ЈЗУ ќе биде активна до 02.09.2024 година. Линк до апликацијата за изразување на интерес на специјализанти
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и заменик министерот Јовица Андовски, денеска ги посетија реновираните простории на Институтот за радиологија, кои се наоѓаат во објектот на Хируршки клиники. -Реновирањето опфаќа обнова на подови, нови врати, прозори, односно комплетна обнова на просториите во објектот на Хируршки клиники. Вкупната инвестиција на Институтот за радиологија изнесува над 6 […]
За дваипол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб, десет лица со знаци на цироза упатени на Клиниката за гастро Министерството за здравство, во соработка со Клиниката за гастроентерохепатологија и НВО „Хепар Центар-Битола” од денес почна заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за Хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија […]
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности за изградба на нов здравствен дом. Новиот здравствен дом ќе зафаќа бруто површина од 600м2, ќе биде изграден на два ката и во него ќе има 14 ординации. Покрај основната здравствена […]
Министерот за здравство д-р Арбен Таравари оствари работна средба со норвешката амбасадорка, Кристин Мелсом, на која разговараа за продлабочување на соработката во здравството меѓу двете држави. Честитајќи му ја позицијата на министерот Таравари, амбасадорката изрази подготвеност за поддршка на нашиот здравствен систем и размена на меѓусебни искуства во областа на здравството.
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари денеска ја посети Градската општа болница „8 Септември, каде се во тек активности за отворање онколошко одделение и обезбедување терапија за пациентите со малигни заболувања. -Заедно со директорите на ГОБ „8 Септември, проф. д-р Синиша Стојаноски и на Клиниката за онкологија, д-р Игор Стојковски, денеска ги посетивме амбулантите за […]
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски производители), претставници на Американската стопанска комора и претставници од комисијата за позитивна листа на лекови. Целта на состанокот беше да се разговара за можностите за проширување на Позитивната листа со иновативни […]
Поради високите температури, кои деновиве ја зафатија територијата на државата, Министерството за здравство апелира да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето: – Во текот на екстремно топли денови останете во затворени простории (пред се климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за одмор под сенка. – […]
Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Таравари. Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899001. Исто така, граѓаните имаат можност и за лична […]
На пет најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип веднаш по дипломирањето ќе им биде понудено вработување во државните болници, информираше денеска министерот за здравство д-р Арбен Таравари, по средбата со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ. -Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. […]