БОЛНИЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА КОВИД ПАЦИЕНТИ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 50 ОТСТО

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на утринската координација со директорите на ковид центрите и претседателот на Комисијата за зразни болести, разговараа за  епидемиолошката состојба во државата, болничките капацитети, состојбата на болните. Болничките капацитети за прием на ковид пациенти, за разлика од ноември, се зголемени за 50 отсто, а зголемена е и потребата од хоспитализација на пациенти што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид болни.

На состанокот се разговараше и за достапноста на болничката терапија за ковид пациентите кои се хоспитализирани, доставата на терапијата оди тековно и нема застој. Според анализите на епидемиолозите, нема потреба од воведување нови дополните рестирктивни мерки, односно тие не би дале резултат со оглед на тоа што се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран. Тоа според епидемиолозите значи дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, но од друга страна во сите болници во државата има слободни кревети.

Членовите на Комисијата за заразни болести се во секојдневна координација и комуникација и во текот на неделата ќе одржат состанок. Во текот на периодот кој следува останува да се следи ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува, тоа ќе се направи.

Сподели на:

Related Posts