АКТУЕЛНО

СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ БРЕМЕНОСТ

На денешната собраниска седница е изгласан и донесен Законот за прекинување бременост, со кој се овозможува жената да го оствари правото за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури-бариери, кои го одолжуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста. Одлуката за прекин на бременоста како посебна медицинска интервенција за која треба слободно […]

ОВОЗМОЖЕНИ ДИЈАГНОСТИЧКО-ГЕНЕТСКИ АНАЛИЗИ НА НАСЛЕДНИ БОЛЕСТИ НА СМЕТКА НА ФЗОМ

Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување овозможија анализите за молекуларна дијагностика на наследни болести да бидат опфатени во листата на услуги покриена со средства на ФЗО. Станува збор за седум услуги побарани од Медицинскиот факултет (одделите за патологија, патофиза, имунологија, судска медицина), како и од страна на Фармацевтскиот факултет и МАНУ. -Со оваа […]

МЕЃУНАРОДЕН ЗДРАВСТВЕН ПРАВИЛНИК – ЕФИКАСЕН ИНСТРУМЕНТ ЗА НАВРЕМЕН ЈАВНОЗДРАВСТВЕН ОДГОВОР ПРИ ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ И МЕЃУНАРОДНО ШИРЕЊЕ БОЛЕСТИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се обрати на работилницата на Светската здравствена организација, посветена на процесот на заедничка надворешна евалуација на Меѓународниот здравствен правилник, усвоен од Генералното собрание на СЗО. Со Меѓународниот здравствен правилник земјите членки се обврзуваат да преземат мерки и активности во однос на превенција, контрола и навремен јавноздравствен одговор при […]

КАРИЛ ДОБИ ДВА МОНИТОРА ЗА СЛЕДЕЊЕ ВИТАЛНИ ПАРАМЕТРИ, ДОНАЦИЈА ОД SPORT LIFE

Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, доби донација од Sport Life, која се состои од два монитора за следење витални параметри со два модула за мерење инванзивен притисок, кои се веќе пуштени во употреба. -Голема благодарност до компанијата за оваа донација, која е многу важна за работата на медицинскиот кадар, и донација со која […]

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ЗА ОРТОПЕДИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА „СВ. ЕРАЗМО“ ОХРИД

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска ја посети ЈЗУ Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, каде на 21.01.2019 година се почнати градежни активности за реконструкција и дозавршување на делот на оперативниот блок и интензивната нега. Градежните активности течат според планираната динамика и без застој, во моментот 80% од реконструкцијата е […]

ОПШТАТА БОЛНИЦА ОХРИД ДОБИ ДОНАЦИЈА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНО АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО

Општата болница Охрид денеска доби донација – специјализирано амбулантно возило. Станува збор за донација обезбедена со проект и организациска поддршка од Руски транс ДОО Охрид и Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС-Балканмедиа. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче се заблагодари и истакна дека со оваа донација Општата болница […]

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМОРАТА НА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ СО СРЕДНО, ВИШО И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВОДЕЊЕ НА ЕДИНСТВЕН РЕГИСТАР НА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ СО СРЕДНО, ВИШО И ВИСОКО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово одржа средба со претставници на Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование на Република Северна Македонија. Повод за денешната средба на министерот Филипче со претседателката на Комората Виолета Котевска, генералниот секретар Сефедин Алију, претседателот на Одборот на забни техничари Никола Никола Николовски и […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ И АВСТРИСКАТА МИНИСТЕРКА ХАРТИНГЕР-КЛАЈН: ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА БИЛАТЕРАЛНАТА СОРАБОТКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА АВСТРИЈА ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО

На денешната средба со министерка за труд, социјална политика, здравство и заштита на потрошувачи на Република Австрија, м-р Беате Хартингер-Клајн, информирав за успешната реализација на заедничкиот проект на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика за промовирање на првиот сервис за домашна посета, кој успешно функционира во Кочани и Ресен, а наскоро […]

[реакција] ВМРО-ДПМНЕ ИМА НЕСЕРИОЗЕН ПРИСТАП ЗА СЕРИОЗНИ ПРАШАЊА

Како Министерство за здравство реагираме на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ каде се наведени обвинувања кои не соодветствуваат со вистинската слика. За првпат во Република Северна Македонија лицата со ретки болести имаат вистински третман од државата. За првпат е воведен електронски регистар за следење на лицата со ретки болести, се проширува листата со лекови и се […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВОВЕДУВАМЕ НОВИ ЛЕКОВИ ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на настанот по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на ретките болести, што се одржа во Младинскиот културен центар, во организација на Националната алијанса за ретки болести. Министерот Филипче потенцираше дека обврска на Министерството за здравство е да се грижи за подобри услови и воведување на нови […]