ПОЧЕТНА

75% ОД НОВИТЕ СЛУЧАИ И 79% ОД ХОСПИТАЛИЗИРАНИТЕ СО КОВИД-19 СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со 14 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 14.10.2021 на територија на државата 40.208 […]

МНОГУ АНАЛИЗИ ЈА ПОТВРДУВААТ ЕФИКАСНОСТА НА ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19

Ефикасноста на вакцините против Ковид 19, ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход. Анализите на Министерството за здравство утврдија дека меѓу 79% и 81% од хоспитализираните пациенти со Ковид, се невакцинирани. Истражувањето на Цивика мобилитас, потврдува дека во последните три и пол месеци: 14.500 помалку заразени […]

ВО СКРИНИНГОТ ЗА КОВИД-19 ОПФАТЕНИ 364 ОСНОВНИ И 109 СРЕДНИ УЧИЛИШТА, ВАЖНО Е РОДИТЕЛИТЕ ДА ГО ПОДДРЖАТ ТЕСТИРАЊЕТО

Во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средни училишта во Република Северна Македонија, Министерството за здравство ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во рамки на 80 општини и градот Скопје. По претходно добиена писмена согласност од […]

ВКУПНО АПЛИЦИРАНИ 1.554.372 ДОЗИ ВАКЦИНИ, РЕВАКЦИНИРАНИ 45% ОД ПОЛНОЛЕТНИТЕ ГРАЃАНИ ВО ДРЖАВАТА

Во текот на вчерашниот ден и во вторникот се аплицирани вкупно 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се ревакцинирани, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 13 октомври вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани. 53% од граѓаните над 40 […]

ЕВРОПСКИ ДЕН НА ОРГАНОДАРИТЕЛСТВО ПОСВЕТЕН НА СЕМЕЈСТВАТА НА ДОНАТОРИТЕ НА ОРГАНИ

По повод Европскиот ден на органодонорството, денеска, се одржа настан за подигнување на свесноста за значењето на донирањето органи и ткива, како и донирањето коскена срцевина како  начин на лекување и спасување човечки животи. Настанот е посветен на сите семејства кои донираа органи од своите блиски, како и на донаторите на коскена срцевина. По повод […]

ПРВПАТ ВО ЗЕМЈАВА НА ГАК ИЗВРШЕН ЕКСТРАПЕРИТОНЕАЛЕН ЦАРСКИ РЕЗ

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство првпат беше изведен екстраперитонеален царски рез врз трудница. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ја посети родилката и нејзиното новородено, сместени на одделот за пуерпериум при ГАК. Екстраперитонеалниот царски рез е специфична техника на царски рез која е однапред позната пред 70 години и во поново време […]

ЗГОЛЕМЕНА ДОСТАПНОСТ И ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ ДО ЖЕНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА РЕПРОДУКТИВНИОТ ПЕРИОД

Продолжуваме со процесот кој е дел од реформата за примарна здравствена заштита и семејните лекари. По успешно спроведениот процес на мапирање, избрани се четири града во земјава, каде за пациентките се обезбедуваат лекарски услуги за сексуално и за репродуктивно здравје. Ординациите во здравствените домови во: Ресен, Македонски Брод, Радовиш и Делчево ќе бидат опремени со […]

ВКУПНО АПЛИЦИРАНИ 1.540.027 ДОЗИ ВАКЦИНИ, РЕВАКЦИНИРАНИ 44% ОД ПОЛНОЛЕТНИТЕ ГРАЃАНИ ВО ДРЖАВАТА

Во текот на вчерашниот ден се аплицирани вкупно 2.798 дози вакцини, од кои 745 се аплицирани како прва доза, 1.999 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 7 октомври вкупно се вакцинирани 793.987 граѓани, ревакцинирани се 745.415, а трета доза примиле 625 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се […]

ФИЛИПЧЕ: ПО ТРАНСПЛАНТАЦИЈАТА НА СРЦЕ, ПАЦИЕНТОТ Е ДОБАР И ЗАЗДРАВУВА

Добро се чувствува педесет и тригодишниот пациент, кому завчера му беше трансплантирано срце. Министерот за здравство, Венко Филипче утрово објави дека пациентот се опоравува. -Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце. Тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати […]

ИЈЗ СО ДОПОЛНИТЕЛНА ПОМОШ И ПОДДРШКА ОД СЗО – 5 НОСАЧИ НА ВАКЦИНИ И 1250 ТЕСТОВИ И РЕАГЕНСИ ЗА СЕКВЕНЦИОНИРАЊЕ ВИРУСИ

Институтот за јавно здравје денеска прими дополнителна помош и поддршка од Светската здравствена организација – 5 носачи на вакцини и 1250 тестови и реагенси за секвенционирање вируси. Овој гест ќе придонесе за ефективен одговор на кризата со Ковид-19 во Северна Македонија. Како интегрален дел на складирањето на вакцините во ладен синџир, носачите на вакцини претставуваат […]