ПОЧЕТНА

ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА КАЛЕНДАРОТ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА СО ДЕВЕТВАЛЕНТНА ХПВ ВАКЦИНА-ГАРДАСИЛ 9

Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од професионалната практика и за размена на искуства меѓу истражувачките и практичарите. Од следниот месец се овозможува осовременување на календарот за редовна имунизација со воведување деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9. -Од четиривалентна преминуваме […]

БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕРСКАТА Д-Р МАНОЛЕВА НА 10 СОСТАНОК НА ИНИЦИЈАТИВА НА МАЛИ ЗЕМЈИ НА СЗО

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева оствари билатерални средби со министерката за здравство на Република Словенија Валентина Преволник Рупељ и д-р Шимон Војислав, министер за здравство на Република Црна Гора, на маргините на 10-от состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа кој се одржува во Лимасол, Кипар. На билатералните средби […]

МЕДИЦИНСКИ СИМУЛАЦИСКИ ЦЕНТАР ЕДИНСТВЕНА ОВЛАСТЕНА ИНСТИТУЦИЈА ЗА ОБУКИ ЗА ДЕФИБРИЛАТОР

Согласно измените и дополнувањата на Законот за здравствената заштита објавени во Службен весник на РСМ бр. 74/24 од 02.04.2024 година, установата Медицински симулациски центар-МСЦ е надлежна како единствена овластена институција да врши обуки за основно одржување во живот со користење автоматски надворешен дефибрилатор на медицински и немедицински персонал, односно на сите лица кои имаат законски […]

СЕ ОСОВРЕМЕНУВА КАЛЕНДАРОТ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА СО ДЕВЕТВАЛЕНТНА ВАКЦИНА ПРОТИВ ХПВ, ВАКЦИНАТА ЌЕ БИДЕ ДОСТАПНА И ЗА МОМЧИЊАТА

МЗ: Се осовременува календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ, вакцината ќе биде достапна и за момчињата Почитувани, Министерот за здравство, д-р Илир Демири, заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, националната координаторка за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, специјалната претставничка на СЗО во земјава, Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција […]

МАНОЛЕВА НА БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ СО МИНИСТРИТЕ ЗА ЗДРАВСТВО НА СЛОВЕНИЈА И ЦРНА ГОРА

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари билатерални средби со министерката за здравство на Република Словенија, Валентина Преволник Рупељ и д-р Шимон Војислав, министер за здравство на Република Црна Гора, на маргините на десеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на СЗО/Европа, кој се одржува во Лимасол, Кипар. На билатералните средби […]

МАНОЛЕВА: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЕДНОГЛАСНО ПРИФАТЕНА КАКО 12. ЧЛЕНКА НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА МАЛИ ЗЕМЈИ НА СЗО/ЕВРОПА, ПРИСТАПУВАЊЕТО КОН ЕУ Е ГЛАВЕН ДВИГАТЕЛ НА ЗЕМЈАТА

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева се обрати на 10. состанок на високо ниво на иницијативата за мали земји на СЗО/Европа, кој се одржува во Лимасол, Кипар. Таа потенцираше дека пристапувањето кон Европската унија е главен двигател на земјата, која полека, но стабилно прави чекори во усвојувањето на реформите на ЕУ. -Република Северна Македонија […]

ПОСВЕТЕНО РАБОТИМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРИОРИТЕТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО, НОВИ ИНВЕСТИЦИИ И КАДРОВСКО ЗАЈАКНУВАЊЕ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева денеска присуствуваше на свеченото одбележување на Светскиот ден на здравјето–7 април. -Изминатиот период Министерството за здравство посветено работи на реализација на приоритетите во здравството, нови инвестиции во медицинска опрема, подобрување на инфраструктурните услови во јавните здравствени установи, а паралелно и за зајакнување и доусовршување на кадарот, што претставува […]

МАНОЛЕВА: КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА СЕ ЗАЛАГА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ, ВО ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНИ ВРАБОТЕНИ 199 ЛИЦА

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска беше во посета на Општата болница во Куманово кадешто во изминатите неколку години реализирани се бројни активности за унапредување на квалитетот на работа на установата преку инвестирање во трите столбови – инфраструктура, медицинска опремна и кадровски потенцијал. -Со поддршка од Министерството за здравство изграден е и пуштен […]

ДЕМИРИ: ПОТПИШАН ДВОГОДИШНИОТ ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА СО СЗО, ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ЗАЛОЖБИТЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТЕВНИОТ СИСТЕМ

Министерството за здравство, д-р Илир Демири, заедно со д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа денеска го потпишаа двогодишниот договор за соработка меѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација за периодот 2024 – 2025 година. Министерот Демири потенцираше дека СЗО е постојан партнер на Министерството во заложбите за унапредување на капацитетите на […]

ДЕМИРИ И МАНОЛЕВА: ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ОХРИД СО РЕНОВИРАНА СЛУЖБА ЗА ВАКЦИНАЦИИ И ДВЕ НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА – ЗАЈАКНАТИ КАПАЦИТЕТИТЕ ВО ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНИ

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот Дом во Охрид и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“–Охрид. -Во изминатиот период, Здравствениот дом значително ги унапреди условите со реновирање на просториите во Службата за вакцинации, како и зголемување […]