АДРЕСИ НА ЈЗУ-А
Адреси на Здравствени домови Адреси од установи од секундарна и терцијарна здравствена заштита
Адреси на Здравствени домови Адреси од установи од секундарна и терцијарна здравствена заштита
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и претседателката на Националната алијанса за ретки болести, Ребека Јанковска-Ристески денеска склучија заеднички меморандум за соработка, со кој се уредува соработката при креирање одржливи системски решенија за пациентите со ретки болести во државата. Министерството за здравство и Националната алијанса за ретки болести, соработката ќе ја остваруваат преку низа […]
Министерството за здравство, денеска, ги пушти во употреба новите 12 возила на Итната медицинска помош, наменети за Скопје и за неколку градови во државата. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека возилата се опремени со најсовремена медицинска опрема и со овие возила им се овозможува на пациентите да ја добијат неопходната здравствена услуга […]
ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА ИМУНИЗАЦИЈА ФАКТИ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИИ ЗА ВАКЦИНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ВАКЦИНИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО МАКЕДОНИЈА
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска го посети Здравствениот дом во Тетово, каде оствари средба со раководството и вработените во оваа јавна здравствена установа. -Задоволен сум како се зајакнува капацитетот на Здравствениот дом во Тетово, но и како раководството домаќински се грижи за здравствената установа. Почнавме со вистинска грижа за нашите здравствени работници. […]
На Медицинскиот факултет во Скопје денеска се одржа свечената промоција на монографијата „Јоден и тироиден статус на населението 2018 година”. Министерот за здравство, д-р Венко Филипче упати честитки до проф. д-р Борислав Каранфилски – уредник на монографијата, како и до целиот тим од Медицински факултет – Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина, како и колегите […]
Врз основа на член 108 став 10 од Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на РМ” бр. 106/07, 88/10, 36/11, 53/11, 136/11, 11/12, 147/13, 164/13, 27/14, 43/14, 88/15, 154/15, 228/15, 7/16, 53/16, 83/18, 113/18 и 245/18) и член 12 од Методологијата за начинот на формирање на цените на лековите („Службен весник на РМ” […]
На денешната собраниска седница е изгласан и донесен Законот за прекинување бременост, со кој се овозможува жената да го оствари правото за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури-бариери, кои го одолжуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста. Одлуката за прекин на бременоста како посебна медицинска интервенција за која треба слободно […]
Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување овозможија анализите за молекуларна дијагностика на наследни болести да бидат опфатени во листата на услуги покриена со средства на ФЗО. Станува збор за седум услуги побарани од Медицинскиот факултет (одделите за патологија, патофиза, имунологија, судска медицина), како и од страна на Фармацевтскиот факултет и МАНУ. -Со оваа […]
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово се сретна со претставници од Здружението на лекари специјализанти, Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и со Клубот на млади лекари. -Младите лекари се нашиот фокус и правиме сѐ за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат. Во текот на септември 2019 […]