Сектори

МОБИЛЕН СЕРВИС ЗА ГРИЖА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ-ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ ДО ГРАЃАНИТЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и австрискиот аташе за труд, социјална политика, здравство и заштита на потрошувачите во Република Македонија, Харалд Фугер денеска се обратија на настан во организација на Европскиот центар за социјална политика и истражување, посветен на потребата од развивање интегрирани услуги за […]

ФИЛИПЧЕ: ПОСВЕТЕНИ СМЕ НА РЕФОРМИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО-СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА ОСТАНУВА НАШ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска во Берлин оствари билатерална средба со федералниот министер за здравство на Сојузна Република Германија, Јенс Шпан. На средбата стана збор за можноста за потпишување Меморандум за соработка со Министерството за здравство на Германија и продлабочување на соработката меѓу двете министерства во повеќе области.  На средбата, министерот Филипче се […]

ВО СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР КОНТИНУИРАНО СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ЗА ПАЦИЕНТИ

Според информациите од Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ – Скопје, во установата непречено и континуирано се обезбедуваат здравствени услуги за пациентите. Веднаш по откривање на бактеријата МРСА кај еден вработен е извршена дезинфекција и генерално чистење. Нема нови пријавени случаи на присуство на оваа бактерија.

TAIEX МИСИЈА ОД СЛОВЕНИЈА СО ЕКСПЕРТСКИ ИСКУСТВА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НАЦИОНАЛЕН РЕГИСТАР ЗА РАК

Во рамки на инструментот за техничка помош на Европската Комисија (TAIEX), денеска во Управата за електронско здравство почна тридневна експертска мисија за воспоставување национален регистар за рак, на која предавачи се експерти од Институтот за онкологија од Република Словенија и од словенечкиот национален регистар на рак, кој е еден од најстарите и најквалитетните регистри во […]

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНОВАЦИИ ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ, ИНОВАЦИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА НА АВСТРИЈА

Во Виена, Република Австрија, денеска беше потпишан заеднички договор за имплементација на австриските искуства во областа на иновации во медицината меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија.  Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека со овој договор Министерството за здравство се приближува кон европските […]

ЗА ВЕЛЕДРОГЕРИЈАТА „МАКЕДОНИЈАЛЕК“ ПРЕДЛОЖЕНА МАКСИМАЛНА КАЗНА ЗА ТЕХНИЧКАТА ГРЕШКА СО ДЕКЛАРАЦИЈАТА НА МРП ВАКЦИНИТЕ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче информираше дека е завршен увидот на инспекторите од МАЛМЕД во сите места каде што беа детектирани МРП вакцини, со добар и проверен рок, но со техничка грешка на декларациите со македонски јазик. „Го констатираа бројот, извештајот е готов и сега ќе се продолжи во насока на санкционирање на […]

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ПО ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, вчера ја посети  Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешна Градска болница), каде се реконструраат речиси сите одделенија, но во етапи. Министерот Филипче имаше и средба со дел од медицинскиот персонал, каде се информираше за состојбата и условите за работа во болницата, но и […]

КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАНИ ОПЕРАЦИОНИТЕ САЛИ НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА

Од денеска почнуваат со работа реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. На Клиниката за ТОАРИЛУЦ е направена комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди.  Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче информираше дека се заменети и надградени сите постојни […]

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Следната 2019 година ја почнуваме со зголемување на платите за сите здравствени работници во јавното здравство. Оваа година, ја завршуваме со успешни преговори и разговори со Гранковиот синдикат за здравство и Синдикатот на Клинички центар.   Министерството за здравство е во постојана комуникација со синдикатите, а идната година продолжуваме со интензивна соработка. Задоволен здравствен работник […]

ВО СКОПЈЕ НЕВАКЦИНИРАНИ 15 ИЛЈАДИ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ДО 14 ГОДИНИ – АПЕЛ ДО РОДИТЕЛИТЕ НАВРЕМЕ ДА ГИ ЗАШТИТИТАТ СВОИТЕ ДЕЦА

Во Министерството за здравство денеска се одржа прес-конференција по повод актуелната состојба од појава на мали сипаници. По прогласената епидемија на мали сипаници во населба Радишани, општина Бутел и согласно одлуката на Националната комисија за заразни болести при Министерството за здравство, епидемиолошките екипи од Центар за јавно здравје–Скопје во соработка со вакциналните пунктови при здравствените […]